1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за конечниот статус на Косово стартуваат наредниот месец во Виена

21 декември 2005

Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари се надева на брзо решение на спорот за покраината за која смета дека има капацитети да биде економско политички самоодржлива

Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

Преговорите за конечниот статус ќе се одвиваат паралелно со имплементацијата на демократските стандарди во покраината. Ќе започнат кон крајот на фебруари во Виена, а во Фебруари прашањето ќе се најде пред Светот за безбедност, кој ќе одлучи за конечниот став.

Марти Ахтисари ги направил првите чекори. На косовските албанци им предочил дека во разговорите ќе се зборува за стандардите, а на косовските срби дека треба да партиципираат во процесот. Властите во Белград според Ахтисари треба да реалистични бидејќи покраината нема да може да се врати во минатото. Дали тоа би значело независен статус и дали е реално да се очекува економско политички самостојно Косово. Ахтисари вели:

„Да, би рекол дека таква одржливост е можна во светло на богатството во лигнитот и другите ресурси кои ги има на Косово. Ако тие правилно се експлоатираат трошоците за администрацијата би можеле да бидат покриени. Во овој момент од таа гледна точка одговорот е да

Ахтисари забележува дека сеуште не се видливи напорите на косовските срби за партиципирање во општеството. Тоа е неопходно во насока на создавање услови за нормален жибот не само на српското туку и на сите малцинства во покраината

Ахтисари нагласува дека преговорите нема да се одвиваат безконечно:

„Не работиме за да исполниме вештачки рокобви но би сакале што побргу да го протуркаме овој процес. Не го кријам фактот дека многу сакам тој да заврши во рамки на годишниот рок кој не врзува за договорот да ја завршиме оваа работа„ рече Ахтисари додавајќи дека без разлика на конечниот исход меѓународната заедница ќе остане присутна во покраината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми