1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово во ќорсокак

6 ноември 2007

И по последниот состанок во Виена, преговорите за Косово не донесоа напредок. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за неуспехот. Српската страна излезе со нов модел – за Косово нуди статус на Хонг Конг.

Борис ТадиќФотографија: APTN

Срспката делегација на вчерашните директни преговори во Виена даде нов предлог. Автономијата која ја предлагаат за Косово да биде спроведена според моделот на Хонг Конг и Кина. Српскиот претседател Борис Тадиќ појасни дека предложениот модел на Хонг Конг е за да се покаже дека сличните опции кои како решение ги предлага српската страна може да функционираат. Моделот на Хонг Конг рече Тадиќ не треба целосно да се преслика на решението за Косово, но претставува модел на функционално решение кое го почитува и меѓународното право.

“Ние предложивме такво решение, и ја засиливме нашата аргументација за суштинска автономија со некои примери од модели кој функционира една деценија.

Белград бара резолуцијата 1244 да влезе во планот на Тројка

Тадиќ и премиерот Коштуница, се подготвени на понатамошни преговори, но бараат во документот предлози на Тројката од 14 точки да се додаде и резолуцијата 12 44 на СБ на ОН и јасно да се наведе дека нема да има еднострани решенија, ниту навестувања за такво нешто од косовската делегација ниту од големите светски сили. Бидјеќи на таков начин, рекол Коштуница се прејдудицира исходот од преговорите. Српската делегација исто така инсистирала и во амандманите на документот да се регулираат прашањата за статусот и надлежностите.

“Посебно укажувам на интервенциите кои ги извршивме во неколку точки бидејќи тие директно се однесуваат на поделбата на надлежностите на Белград и Приштина. Претходно беа така поставени како да се работи за две независни држави", изјави Коштуница.

Следната средба на 19 ноември

Портпаролот на приштинскиот преговарачки тим, Скендер Хисени заклучи дека на вчерашниот состанок немало никаков напредок.

”Белград ова го гледа како процес на кој се дизајнира одржување на српската управа на Косово. Во овој процес треба да се утврди идниот статус на Косово. Србија во случајов даде решенија кои во најдобар случај може половично да се употребат. Косово е против половични решенија и се залага за трајно и одржливо решение. А единствено такво решение е независност, рече Хисени.

Следната рунда преговори е закажана за 19 ноември во Брисел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми