1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово продолжуваат

21 февруари 2006

Тема на оваа прва рунда разговори во Виена е децентрализацијата. Дипломатите оценуваат дека атмосферата е конструктивна

Од преговорите во Виена
Од преговорите во ВиенаФотографија: AP

Откако делегациите ги претставија своите општи планови за децентрализација на Косово и разговараа за деталите околу преносот на надлежности во сферата на образование, култура и здравство, денеска средбата во Виена продолжува со разговор за трансферот на овластувања во сферата на полицијата, правосудството, јавните служби и државните претпријатија.

Мира Бехан портпарол на српската делегација, која ја предводат советниците на српскиот премие, Леон Којен и Слободан Самарџиќ, досегашниот терк на разговорите го оцени како коректен:

“Да, тоа се гледа и за време на паузите, бидејќи делегациите не стојат одвоено туку се водат меѓусебни разговори. Јас мислам дека колку што досега може да се процени тоа е добар почеток„

Косовската делегација на преговорите во Виена ја предводи министерот за локална самоуправа Љутви Хазири. Целта на неговата делегација е...

„Ние сакаме прашањето за статусот да биде решено што е можно побргу. Независноста доаѓа и ние во тој процес ќе одиграме позитивна улога„

Двете делегации денеска ќе имаат завршен збор, а дводневната средба ќе заврши со заклучок на претседавачот, заменикот пратеник на генералниот секретар на ОН за идниот статус на Косов, Албер Роан. Она што уште пред почетокот на директните преговори е ставено јасно до знаење е дека поделба на Косово не доаѓа предвид, исто како што нема ниту враќање на состојбата од пред 1999 година. Доколку по пат на преговори не биде постигнат договор околу идниот статус на Косово, Советот на безбедност би можел можеби уште годинава да донесе решение и него да му го стави на гласање на населението во покраината. Меѓународната заедница се погласно говори за некаков вид условна независност, под надзор на ЕУ и контрола на КФОР. Преговорите во Виена се само почеток. Тешките решенија допрва претстојат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми