1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово продолжуваат

10 јули 2007

САД и западните сојузници попуштаат под притисокот за продолжување на преговорите за решение на проблемот Косово.

Американскиот амбасадор во ОН, Залмај КалилзадФотографија: AP

Вашингтон ќе предложи нова резолуција во која ќе се утврди временски ограничен рок за дополнителни преговори, но останува на ставот за независност. Американскиот амбасадор во ОН Залмај Кализад по синоќешната затворена седница на советот за безбедност на која се разгледуваше извештајот на УНМИК за состојбата во покраината изјави дека САД може да поддржат натамошни преговори во процесот кој сепак би финиширал со решение за независно Косово. Сега е ред на Русија да преземе конкретни чекори:

" Она што го слушнавме е дека иако се остварува напредок, моменталната ситуација на Косово е неодржлива. Сметаме дека треба да се донесе брза одлука и на кој било начин да дојде до промена на статусот на Косово во насока на независност. Со нашите колеги ќе работиме да се претстави резолуција по што за една недела мора да се дојде до одлука“ изјави Кализад

Веста за продолжение на преговорите синоќа во Припштина ја потврди и американскиот заменик државен секретар Даниел Фрид.

“ Не можем да ви кажам детали но извесно е дека ќе има дополнителен период за преговори. Таквото временско ограничување ќе биде познато откако во советот за безбедност ќе се донесе новата предлог резолуција. Како што изјави претседателот Џорџ Буш, конечниот резултат ќе биде набљудувана независност“

Фрид кој денеска патува за Белград е задоволен од соработката на косовскиот преговарачки тим:

" Косовскиот преговарачки тим покажа одговорност и демонстрираше приврзаност кон демократските принципи и меѓународните стандарди. Според мојата влада тоа значи дека е подготвен преку процесот на набљудување да ја преземе одговорноста за независно Косово“

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу не исклучува натамошни преговори, но не го става под знак прашање прашањето за независност на покраината:

" Ние уште претходно кажавме дека за независноста неможе да се преговара. За косовската страна е важно да биде конструктивна и да соработува за затворање на овој тежок пат“

Инаку Русија и Кина и натаму остануваат на ставот дека ќе поддржат решение кое ќе биде прифатливо за Белград и Приштина. Кинескиот амбасадор во ОН Ван Гуонг Ја по седницата на советот за безбедност изјави:

"Членовите на советот сеуште се поделени. Мислам дека ни е потребно уште време. Важно е што во коментарите се спомнуваше можноста за продолжување на преговорите. Кога се работи за статусот сеуште сме во чувствителен период, за разлика од стандардите каде сите сме согласни дека е постигнат напредок. Иако кај некои прашања е потребно уште да се работи“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми