1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за статусот на Косово продолжуваат

1 септември 2007

На Косово парламентарните и локалните избори треба да се одржат на 17 ноември,реши шефот на УНМИК Јоахим Рикер.

Шефот на УНМИК на КосовоФотографија: ©UNMIK DPI

На забелешките дека тоа може да попречи во текот на преговорите за идниот статус на покраината кои се во тек, Рикер најави можност тие да бидат одложени.

Рускиот претставник на тројката на Контакт групата ,Александар Боцан Харченко изјави дека Белград и Приштина го поддржале посредничкиот предлог за што поскоро започнување директни преговори.Сепак,нивните позиции за статусот тешко се усогласуваат.

Русија би можела да ја поддржи поделбата на Косово,порача вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.Тој потенцира дека неговата земја ќе поддржи секое решение за кое ќе се договорат Белград И приштина.Преговорите за статусот продолжуваат со посредство на меѓународната тројка чија цел е да им помогне на двете страни да дојдат до согласност а не да фаворизираат конкретно решение.

Европскиот претставник во Тројката Волфганг Ишингер укажа дека одлуката мора да биде донесена по 10 декември.Тој рок за завршување на извештајот на меѓународните посредници го постави генералниот секртетар на ОН Бан Ки Мун.Пред се Србија и Русија меѓутоа не прифаќаат дека тоа е краен рок за завршување на преговорите и донесување одлука за идниот статус на Косово,како што тоа го толкуваат ЕУ и САД.

Ишингер меѓутоа во интервју за виенскиот печат оцени дека разговорите кои се водат во австриската престолнина мораат да бидат завршени дотогаш и по нив одлуката е неопходна.Тој можноста во следните четири месеци да биде постигнато спогодбено решение ја оцени како малку веројатна.Германскиот дипломат напомена и дека поделбата на Косово воопшто не етма,зашто ниедна страна досега не ја споменала на било каков начин.

Но,ако ја земете ограничената надгледувана независност која ја предложи меѓународниот преговарач Марти Ахтисари и прошиерната автономија,коај ја предложи Србија,но не ја доразработи,би се дошло до заклучок дека повеќе се спори околу поимите отколку околу содржината,оцени Волфганг Ишингер.Тој нагласи дека ЕУ мора да го зачува единството и во случај за Косово да не биде најдено компромисно решение,односно ако дојде до еднострани потези.

ЕУ за Косово ќе расправа на состанокот на министрите за надворешни работи во Португалија идниот викенд,а покраината ќе биде на дневен ред и на американско рускиот самит на почетокот на идната недела во Австрија.Во рамките на самиот дијалог, во Белград и Приштина следната недела ќе допатува европскиот член на Тројката Волфганг Ишингер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми