1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите без напредок

2 декември 2011

Средбата во Брисел меѓу претставниците на владите во Белград и Приштина не донесе напредок по прашањата за административните премини и регионалното претставување на Приштина.

Borko Stefanovic Serbien Kosovo Verhandlungen
Шефот на српскиот преговарачки тим Борко СтефановиќФотографија: picture alliance/dpa

Новата рунда од разговорите меѓу Белград и Приштина заврши синоќа без договор за административните премини и регионалното претставување на Приштина. Засега не се знае кога ќе продолжат разговорите, изјави за Танјуг шефот на белградскиот тим Борко Стефановиќ.

„За жал, и по 12 часа тешки разговори, не успеавме да направиме договор за административните премини ниту за регионалното претставување на Приштина“, изјави тој. „Остануваме подготвени за продолжување на разговорите, но во овој момент не може да се каже кога ќе се случи тоа“, додаде Стефановиќ.

Според него, српската делегација предложила голем број можности, опции и модалитети во согласност со Уставот на Србија и резолуцијата 1244, но проблем е што на Приштина „од некакви причини им пречи резолуцијата 1244 иако во некои други прилики се повикуваат на неа“.

Како што објасни, за премините, приштинската делегација побарала тоа „да се забетонира и таму да стојат симболи на Приштина“, а голем проблем е што не се подготвени да дозволат преминување на возила со таблици од косовски градови издадени од Србија. Стефановиќ наведе дека приштинската делегација немала слух за предлозите на белградскиот тим. „И покрај тоа, остана да се договориме за две-три работи. Во врска со имплементацијата успеавме да се договориме за сертификати за преминување на административната линија“, наведе тој.

Автор: АТ/миа/бета

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми