1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговори за Косово во Виена

30 август 2007

Статусот на Косово не смее да биде кочница за Балканските земји на патот кон Европа – изјави денеска во Виена австриската министерка за надворешни работи Урсула Пласник.

Претседателот на Косово, Фатмир СејдиуФотографија: AP

“Регионот изгуби премногу време и енергија. Последниот статусен проблем мора да биде решен за да се обезбеди сигурност на Балканот и за да се сврти погледот кон европската иднина на целиот регион“ - додаде Пласник, во чие министерство во Виена денеска се одржуваат подготвителните разговори на Тројката на Контакт групата со високи делегации на Белград и Приштина.

Прашањето на Косово е тест за европската заедничка надворешна политика, но и испит на зрелост за страните во конфликтот“ - оцени шефицата на австриската дипломатија денеска во Виена. Таа посочи исто така дека 10. декември е последниот рок за решавање на јазолот околу статусот на Косово. “Сакам обете страни да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и навистина да ја искористат последната фаза на преговорите“ - порача Урсула Пласник.

Истиот рок го спомна и претставникот на ЕУ во посредичката Тројка, Германецот Волфганг Ишингер. До тогаш посредниците мораат да му поднесат извештај на генералниот секретар на ОН за преговорите. По овој датум немаме мандат, нагласи Ишингер додавајќи дека е оптимист.

Посредниците попладнево разговараат со делегацијата на Србија, во која се министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ и шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Тие имаат подготвен план со цел да се зачува суверенитетот и интегритетот на Србија со Косово и Метохија.

Тројката во која покрај Волфганг Ишингер седат и американскиот претсетавник Френк Визнер и рускиот Александар Боцан-Харченко, претходно разговараа со делегацијата на Косово, предводена од Претседателот Фатмир Сејдиу. Таа на посредниците им предаде документ во кој се истакнува посебноста на случајот Косово во меѓународната пракса. Освен тоа во него се бара преоговите да се искористат за договор околу меѓудржавната соработка меѓу Србија и Косово, откако статусот ќе се одреди според препораките на посредникот на ОН, Марти Ахтисари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми