1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговори за статусот на Косово ќе започнат наесен?!

26 август 2004

Преговорите за идниот статус на Косово треба да започнат во наредните месеци, а власта што е можно побргу да се пренесе на локалните власти, ова е препораката на специјалниот пратеник на ОН норвешкиот дипломат Каи Еиде.

Косово
Косово

Во доверливиот извештај до генералниот секретар на ОН Кофи Анан, норвешкиот амбасадор во НАТО препорачува дека политиката која во моментов важи за Косово, стандарди пред статус, треба да биде заменета со приоритетна политика на стандарди што би го отворило патот за идните разговори за статусот на Косово,вклучувајќи ги напорите и за регионална и европска интеграција.

Еиде го доставил извештајот до Кофи Анан уште во текот на минатиот месец, но генералниот секретар се уште размислува како тој да биде спроведен, велат официјални лица од оваа организација. Дискусијата за прашањето за идниот статус на Косово според норвешкиот дипломат под водство на ОН треба да започнат оваа есен.

Генералниот секретар на ОН побарал од Еиде да проучи како да биде оправдана мисијата на ОН на Косово по мартовските немири, кога беа убиени 19 луѓе.

За овие прашања со преставниците на локалните власти и УНМИК разговараше и шефот на гермаснките социјалдемократи Франц Минтеферинг. Командантот на КФОР, германскиот генерал Холгер Камерхоф изрази песимизам околу економската и политичката перспектива на провинцијата која има невработеност околу 70% и висок степен на организиран криминал.

Генералот не сакаше да исклучи и можност од целосен егзодус на 95 илјади преостанати срби во покраината. Според неговите зборови на мировните сили и натаму им е неопходен робусен мандат. По обиколката на германските војници во рамките на КФОР кои го сочинуваат најголемиот контингент Минтеферинг во Призрен изјави

“ Убедени сме дека Косово е на пат, мора да биде на пат да го подобри и прошири својот суверенитет и затоа во догледна иднина статусот на Косово треба да се разјасни. Косово има сопствена историја и мора да има сопствена иднина. Тоа нема да биде брзо, Тоа трае и треба да се биде трпелив. Во секој случај треба да биде јасно дека со изборите во октомври и во времето потоа за Косово се гради сопствена престава за сувереност“ рече Минтеферинг

Во меѓувреме и високиот комесаријат за бегалци на ОН изрази загриженост за ебзбедноста на малцинствата на Косово истакнувајќи дека состојбата во покраината и натаму е нестабилна. Во трите најнови извештаи за Косово, УНХЦР истакнува дека на косовските малцинства, особено на Србите и Ромите им е потребна постојана меѓународна заштита.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми