Во двата коалициони сојузи на власта и оопозицијата расте незадоволството но и конфликтот меѓу партнерите пред составувањето на конечните изборни листи. Поголеми проблеми има опозицискиот кампус со Никола Груевски од кого е незадоволен и првиот либерал Стојан Андов а за ДПМНЕ е неприфатлива предизборната соработка со фракционерите на екс премиерот Љубчо Георгиевски.