1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлогот за реформа на НАТО има смисла

27 февруари 2005

Офанзивата на шарм на американскиот претседател, Џорџ Буш заврши. Европејците се задоволни, зашто тој најави нова ера во трансатлантските односи. Непосредно пред Буш да дојде во Европа, германскиот канцелар Герхард Шредер побара реформа на НАТО. Неговиот предлог падна во позадина на настаните, но тој има смисла, констатира во коментарот на оваа тема Греам Лукас.

Фотографија: dpa

Само убави зборови и термини за фотографирање не менуваат ништо во фактот дека исто како и порано во трансатлантските односи има проблеми. САД не го сакаат Меѓународниот кривичен суд и не сакаат да го ратификуваат протоколот од Кјото. По прашањето на извоз на оружје за Кина или реформа на ОН, Европа и Вашингтон исто така немаат единствен став. Вашингтон ги чува отворени воените опции кон Иран, Сирија и Северна Кореја. Овие нешта имаат многу врска со различните погледи на работите.

Затоа германскиот канцелар Герхард Шредер има право кога во предвечерјето посетата на Буш проговори за улогата на НАТО во трансатлантските односи. Очигледно е дека одбранбениот сојуз по крајот на студената вона веќе нема јасна оправданост за постоење. Заканата за Европа и Германија веќе не доаѓа од исток на континенто. НАТО не е соодветен инструмент во борбата за одбрана против меѓународниот тероризам.

Американскиот претседател за време на патувањето ниѕ Европа јасно подвлече дека сака да го задржи НАТО во неговата досегашна форма. Тоа и не е за изненадување, зашто Европејците во алијансата настапуваат одделно со оглед на фактот што САД се доминантни поради нивната вона моќ. Лондон на работите гледа слично, за да не ги загрози посебните односи со Вашингтон. Двете земји сакаат да го употребуваат НАТО надвор од границите на Европа, каде што е потребно, за да се обезбеди мирот. И покрај ангажманот на Германија во Авганистан, Берлин е само делумно подгитвен за такво нешто. Ист е ставот и на Париз.

Значи, има смисла да се размислува за нов форум за трансатлантски разговори, зашто следната криза сигурно ќе се појави, а односите меѓу Европа и САД не смеат да бидат повторно толку оптоварени како во последните две години.

Сепак рекацијата на предлогот на Шредер истовремено покажува од што е болна Европа. Само што идејата беше претставена, Берлин веќе сакаше да ја релативизира и да ја продаде како зајакнување на НАТО. Навистина настап што не може да се нарече силен. Накусо: Германците не си веруваат, а Европа не е единствена. А, токму во тоа е работата. Пред Европа да си ги дефиира надворшенополитичките цели и пред да знае што сака да постигне во светот, нов форум за трансатлантски разговори е нереален. Предлогот на Шредер, колку и да е во ред доаѓа прерано. Но, сега првпат еден американски претседател ја посети ЕУ во Брисел. А, процесот на ратификација на европскиот устав тече. Кога на крајот ќе биде наименуван еден европски министер за надворешни работи, можно е предлогот на Шредер сепак да биде извлечен од фиока.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми