1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог на Тачи за Косово

24 мај 2004

Хашим Тачи изјави, Охридскиот Договор може да се примени и во Косово

Косово
КосовоФотографија: AP

Лидерот на демократската партија на Косово Хашим Тачи, вчеравечер по враќањето од Швајцарија, изјави дека моделот на Охридскиот рамковен договор како што тој верува, може да се примени и за решавање на меѓуетничките односи на Косово.

Тачи, кој во швајцарскиот град Луцерн, учествуваше на тркалезна маса под име “Албанците и нивните соседи“, предложил прилагодување на Охридскиот договор за уредување на заедничкиот живот на Косово.

Лидерот на втората по сила политичка партија на Косово предложил внатрешен договор меѓу Албанците, како мнозински народ и малцинствата на Косово, по урнек на спогодбата која во 2001 година се потпиша во Македонија.

Според оценките на Тачи, Србите, би требало да учествуваат во изградбата на државниот идентитет на Косово, додавајќи дека нивниот главен град е Приштина, а не Белград.

“ Сметам дека Охридскиот договор може да биде добра основа за почитување на правата на малцинстватата на Косово, за решавање на бројните проблеми, посебно во делот на локалните власти. Тој договор може да биде од корист за сите граѓани и институции на Косово, оцени Тачи.

Идејата на лидерот на Демократската партија на Косово, меѓутоа, ја оспоруваат во Демократскиот сојуз на Косово на Ибрахим Ругова и во Алијансата за иднина на Рамуш Харадинај, кои сметаат дека моделот на Охридскиот договор неможе да се прилагоди на косовскиот проблем.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми