1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предност на старите членки во европската дипломатија

Ален Леговиќ / Александар Методијев25 април 2012

Дипломатите од новите земји членки кои се кандидираат за дипломатската служба во структурите на ЕУ минуваат лошо, во споредба со кандидатите од старите земји членки.

Фотографија: picture alliance / Arco Images GmbH

Деталите за именувањето на 181 дипломат на должностите во Европската дипломатска служба се најдоа во годишниот извештај за работата на оваа служба, но тој анекс не е објавен. Податоците покажуваат дека кога се доделувале седум функции само еден кандидат, кој доаѓа од вкупно 12 нови земји членки, добил место во Европската дипломатска служба, што е далеку полошо во однос на кандидатите од 15-те стари земји членки.

Изборот не беше толку екстремно неправеден во случајот на изборот на кандидати за претставништвата кои работат во странство, колку што имаше големи разлики во пополнувањето на функциите во главното седиште на ЕУ – во Брисел.

Меѓу 134-те лица кои се бореа за 10 водечки места во Брисел имаше 34 „нови“ дипломати, 74 „стари“ дипломати и 26 службеници од ЕУ. Ниту еден кандидат од „новите“ не го мина изборот, а за 22-те позиции од средните функции само еден од 126 „нови“ кандидати успеа да добие работа. Во конкуренција за 34 „јуниор“ позиции успејаа да добијат шест од 303 „нови“ кандидати, во споредба со 21 од 404-те „стари“ кандидати.

Мнозинството дојдоа од Комисијата и Советот

Кетрин Ештон е шефицата на Европската дипломатска службаФотографија: dapd

Начинот на ангажирање е еден вид на наследена неурамнотеженост внатре во Европската дипломатска служба, која голем број од своите вработени ги зема од редовите на персоналот на старите земји членки, а кои се наоѓаа во Советот на ЕУ и во Европската комисија. Околу 700 вработени од Европската комисија и околу 400 службеници од Советот најдоа свое место во Европската дипломатска служба.

Од оваа служба одбиваат да коментираат или, пак, да даваат каква било изјава, но во декемврискиот извештај се наласува дека Европската дипломатска служба се залага за „гарантирање на осмислено застапување во персоналот од сите земји членки“.

Полскиот конзервативен претставник во Европскиот парламент Јацек Сариуш Вољски нагласува дека ваквата оптимистичка изјава „не се рефлектира ниту во податоците, ниту во фактите“. Тој изјави дека Полска достигна само 36 проценти од целите за застапеност во должностите на службата, додека некои од земјите остварија повеќе од 300 процентиНеофицијално тоа се темели на релативниот број на жители како што тоа се користи и за бројот на застапници во Европскиот парламент или, пак, во бројот на гласови внатре во Советот на ЕУ, со кои располага секоја земја членка на ЕУ.

Поединечни полски дипломати се жалеа во минатото поради снобизмот што е проширен во круговите на ЕУ во односот на припадниците на новите земји членки.

Дипломатите од Бугарија, Чешка и Романија во значаен број поднесоа барања за работа во Европската дипломатска служба. Полска, која е далеку најголема нова членка, имаше 145 кандидати од вкупно 8.800 колку што се бореа за функција во службата.

Многу Французи, а малку Германци и Италијанци

Меѓу оние што минаа има многу дипломати од Франција (891 кандидат), Австрија, Белгија и Грција. Меѓутоа, дипломатите од Шпанија и Велика Британија се помалку застапени, додека дипломатите од Германија (148) и Италија (126) едвај да можат да се забележат.

Вработените во дипломатската служба доаѓаат од редовите на Советот на ЕУ и Европската комисијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Во меѓувреме Германците сепак се потопло дочекани, бидејќи седум германски дипломати добија работа, иако од оваа земја има ниска стапка на барања – само 1,8 проценти од сите пријави доаѓаат од Германци. Пет од тие седум германски дипломати ќе работат во седиштето на службата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми