1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред изборите во Авганистан

8 октомври 2004

На југот и истокот од Авганистан и натаму војуваат Талибанците, во многу провинции главниот збор го имаат господарите на војната, а и произвиодството на дрога е надвор од контролата. Создавањето државни институции се одвива бавно зашто делови на земјата се уште се разурнати.

Па сепак, и покрај сите пречки, Авганистан скоро три години е на тешкиот пат кон мир и демократија. Преодниот претседател Хамид Карсаи изјави: “го поставуваме најважниот камен темелник на нашиот пат“. Имено, в недела ќе се одржат првите слободни претседателски избори во земјата.

Улица со продавници во Кабул. Малите дуќанчиња се нижат едно до друго. Накит, облека, кожни поризводи. Мажи седат пред вратите и пијат чај. На тесната улица одвај се разминуваат автомобилите, во воздухот прашина. Само уште малку време до првите претседателски избори во Авганистан. Еден трговец со кожа одвај го чека денот на изборите:

“Јас и семејството се регистриравме и в недела ќе одиме на избори“.

Има 16 кандидати – на гласачкото ливче покрај името ќе има и фотографија за да можат и неписмените да учествуваат на изборите. Меѓутоа, многумина се уште не знаат како ќе минат, на пример Саида:

“Не знам ништо. Имам само карта за регистрација што се наоѓа дома. Што ќе се случува немам никаква информација“.

Вели ќе гласа за Карсаи. А, зошто? Едноставно, него го познава за другите ништо не слушнала. За Сузане Шмајдл никакво изненадување. Таа го води проектот на Авган Цивил Сосајати Форум и од ноември минатата година се занимава со изборно образование во целата земја:

“Со сето одолговелкување, можам да кажам дека нашето образување за изборите беше површно. Можевме да ја објасниме само основата, во смисла каква е поврзаноста меѓу регистрирањето и изборите со демократијата, меѓутоа Обединетите нации материјалите за тоа како ќе се гласа ги испратија дури во почетокот на септември. Кутиите со документите ги добивме пред само пет дена, значи десет дена пред изборите, што мораме да ги поделиме и во провинциите, па е скоро невозможно тие да стигнат до секој дел на земјата. Смешно е на луѓето да им се обајснува само еден месец порано како се гласа“.

Дали, според тоа, претседателските избори се избрзани? Според мислењето на Грент Кипен, директор на националниот демократски институт од Канада – не:

“Некои велат дека е рано, но јас постојано одвраќам: кога е перфектното време? Мислам дека во моментов имаме добри околности. Во целата земја се регистрирани 10,6 милиони гласачи, имаме 16 кандидати и верувам дека тоа се знаци оти луѓето се заинтересирани за тој процес и сакаат да учествуваат. Со оглед на авганистанската перспектива според мене, изборите не се одржуваат прерано“.

Исто така и ОН и изборната комисија укажуваат на успесите на изборните подготовки: на пример, создавањето мрежа на изборни локали, регрутирање и образување на помошници за изборите, координација и броење на гласовите, како и безбедносниот концепт.

Сепак, големо е сомневањето во демократските стандарди на изборите. Меѓународните организации затоа, во посматрањето на изборите ќе бидат во заднината. Ниту поимот посматрачи официјално нема да се користи. ОБСЕ на пример испрати своја екипа од 40 соработници. Тие имаат намера на авганистанската влада да и достават листа предлози за тоа што може да биде подобро за следните избори. Се друго нема смисла, вели шефот на делегацијата Роберт Бери:

“Вакви избори никогаш не сум посматрал, зашто такви никогаш и немало. Ако се погледа во регулативите за овие избори за да се види дали е се како што треба, тогаш е јасно дека тоа не е можно, зашто правилата бараат премногу за една земја каква што е Авганистан“.

За мнозинството Авганистанци меѓутоа, поимот демократија не е само празен збор и не се воздржуваат да разговараат за демократијата и нејзините недостатоци. Многумина изборите ги посматраат прагматично, а кон тоа припаѓа и нивната авганизација, значи поврзано со традициите на нивната земја. Не е важно што избира поединецот, туку како ќе реши семејството или кланот, објаснува 21-годишниот Вахид:

“Во нашето семејство родителите и старците издискутираа кому треба да му ги дадеме нашите гласови и како што решија тие така и ќе гласаме. Тоа не е така само во моето семејство. Постарите едноставно имаат повеќе искуство“.

Авганистанците се единствени во тоа што треба да направи новиот претседател. Тој треба да биде претседател на народот и да се грижи за мирот, обновата и за работни места и тоа колку што е можно побргу.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми