1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Твитер избриша 10.000 лажни профили

ЕМФ / дв
3 ноември 2018

Во пресрет на изборите за американскиот Конгрес, социјалната мрежа Твитер презема енергични мерки против лажните вести. Избришани се над 10.000 профили од кои се повикува на бојкот на изборите.

Twitter Tweets
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warnecke

Портпарол на Твитер ја потврди информацијата на Ројтерс за бришење на над 10.000 лажни профили, кои создавале лажен впечаток дека се наводно профили на опозиционите демократи. „Отстранивме низа профили поради тоа што се обидуваа на автоматизиран начин да шират дезинформации, што претставува провреда на нашите насоки за работа“, изјави портпаролот за агенцијата Ројтерс и порталот ТехКранч. „Тоа го стопиравме брзо и во корен“, тврди портпаролот на Твитер.

Преку лажните профили биле објавувани информации кои требало да ги спречат избирачите да излезат на изборите за Конгресот во вторник, на 6 ноември. Профилите се избришани на крајот на септември и почетокот на октомври. Твитер, сепак, не наведува примери за профили кои биле отстранети. Концернот исто така не наведува кои биле иницијатори на лажните профили.

Во кампањата за претседателските избори во САД, во 2016 година, Твитер затвори милиони профили преку кои беа ширени лажни вести со цел да ѝ се наштети особено на кандидатката на демократите за претседател, Хилари Клинтон.

Повеќе: 

Американски конзервативци вмешани во велешкиот фејк-њуз бизнис

Социјалните ботови и лажните вести

 

Твитер, според сопствени наводи, месечно има 335 милиони активни корисници.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми