1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред корупцијата на Косово УНМИК ги затвора очите!

24 август 2007

Експериментот на Обединетите нации на Косово не успеа.

Во централата на УНМИК во Приштина не сакаат „бранувања„!Фотографија: DW

Во написот под наслов:„Дојдов, видов, потфрлив„! денешниот „Зиддојче цајтунг„ во додатокот од магазински тип пишува:

„Пред 8 години на Косово започна единствен експеримент. За да ја спасат земјата од милитантните Срби и Албанци, Косово го зазедоа Обединетите нации и воспоставија своја управа. Експериментот не успеа, корупцијата цути, а луѓето ги плукаат војниците на светската организација. Швеѓанката Инга Брит Ахлениус дојде на Косово во 2002 година со здача да изгради одделние за финансиска контрола. Со извештајот во 2006-та предизвика бран вџашување во Обединетите нации. Во него се вели дека група менаџери со години успешно го ограбувала приштинскиот аеродром. Корупцијата се спроведува систематски и за тоа никој не одговара. На управителот на Косово му се предадени 33 извештаи за нерегуларно работење на аеродромот, но сите завршија во фиока. Воздржувањето на УНМИК да преземе чекори против неплаќањето даноци и корупцијата ќе има кобни последици врз мисијата на Косово. Но, што се случи потоа? Тогашниот управник Сорен Јесен Петерсен, презеде против-офанзива. Констатираше дека нема голема корупција на приштинскиот аеродром и дека во извештајот нема доволно докази„, пишува, меѓу другото, „Зиддојче цајтунг„.

Во написот под наслов „Колатерална штета„, „Франкфуртер алгемајне цајтунг„ се осврнува врз состојбите во стопанството на Србија кое страда поради фиксираноста на Белград кон Косово:

„Информациите дека српското стопанство цути се однесуваат само на одделни подрачја. Пораст има само во Војводина и во регионот на Белград, а делумно и во Ниш и околината. Интересно е дека на врвот на листата е Нови Сад, каде што од 2004 година на власт е Српската радикална партија. Проблем е меѓутоа, тоа што премиерот Коштуница има само три приоритети. Тоа се: Косово, Косово и Косово. И во неговиот втор мандат, Коштуница прави се да го спречи отцепувањето на Косово од Србија. И додека спорот околу Косово доби меѓународни димензии и премина кон Буш и Путин, важните стопански теми и натаму остануваат занемарени„, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми