1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред очите на јавноста - германско деби на СП

Оливија Герштенбергер / Александар Методијев14 јуни 2014

Судијата Феликс Брих денеска треба да го суди првиот негов натпревар на Светското првенство, на мечот меѓу Уругвај и Костарика. Германецот се надева дека нема да се справува со фантомски гол, како во Бундеслигата.

Фотографија: picture alliance/Claus Bergmann

Феликс Брих и неговиот тим се единствените германски судии на овој шампионат во Бразил и ќе треба да се справат со поголем притисок од оној со кој се соочуваат во Бундеслигата. Десетици илјади фанови ќе навиваат со гласни свиркања и навивачки песни, играчите ќе викаат во одбрана на сопствените мислења, а голем број камери на стадионот ќе го снимаат секој момент од играта. Сигурно низ глава ќе им минува она чувство – сите го видоа ова, само не судијата.

Феликс Брих си има таков момент од кој никогаш не може да побегне. На 18.10.2013 година тој му призна гол на Штефан Кислинг во бундеслигашки натпревар во Леверкузен против Хофенхајм, иако всушност топката воопшто не ја мина гол-линијата. Топката всушност заврши во противничката мрежа, ама откако помина низ дупка од надворешната страна на голот.

Овој фантомски гол доминираше во насловните страници и колумните со недели, а Феликс Брих од тоа научи лекција. „Тоа беше момент на животно искуство“, рече судијата неколку дена пред да полета кон Бразил.

„Тоа беше лошо искуство. Таквата одлука на крајот е серија на последователни грешки, а не само една грешка во судењето. Како група моравме да ги стегнеме работите, во смисла на подготовка на играта и начинот на размислување. Искуството не беше пријатно, но беше вредно“.

Сите работи на свое место

Германскиот нов судија на Светското првенство вели дека научил од своите грешки. 38-годишникот стекнал вредно искуство во финалето на годинашната Европа лига меѓу фудбалските клубови Севиља и Бенфика – меч кој тој го судеше самоуверено.

Феликс Брих е познат по тоа што често дели црвени картони во БундеслигатаФотографија: Getty Images

Херберт Фандел, поранешниот судија и сегашен член на судиската комисија на УЕФА, верува дека да се остане кул под притисок е напната и бурна игра е екстремно значајна карактеристика.

„Феликс Брих е од една од најпрофесионалните фубалски земји во светот. Тој ги суди најтешките натпревари во нашата земја и УЕФА нему му верува со давањето на најтешките натпревари. Подготовката мора да биде перфектна. Мора да ја има и неопходната самодоверба, па така што сите делови се навистина на место“, смета Фандел во оценката за германскиот судија.

И Брих се согласува дека е добро подготвен. По две години екстра тренинг беа одбрани судиите, меѓу кои и Брих. Од вкупно 52 тима со судии за на Светското првенство се квалификуваа 25 тима, откако им беа направени бројни медицински и фитнес тестови. Брих е правник по професија и шест пати неделно тренира фитнес со тренер.

Уште едно деби

Феликс Брих фотографиран во минатиот октомври на сослушување, кое следуваше по фантомскиот гол кој воопшто не беше голФотографија: picture-alliance/dpa

За првпат во историјата на Светското првенство, судиите можат да ја користат технологијата на гол-линијата во носењето на своите конечни одлуки. Сепак, користењето на ваквата технологија останува предмет на голема дебата во Бундеслигата, каде таа не се користи.

„Ние имаме добро искуство досега. Таа не е ништо ново за мене. Често велев дека мислам оти е добра работа, бидејќи имаме на располагање уште една алатка, што би ни помогнала да ја извршуваме нашата работа“, објасни Брих.

Една работа околу оваа технологија е што таа ќе му помогне на Брих да се отстрани можноста за кошмар од уште еден фантомски гол. А, тоа би требало да го отстрани притисокот од германскиот врвен фудбалски судија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми