1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекинат говорот на Николиќ на Газиместан

ЕМФ/бета/миа28 јуни 2014

Говорот на српскиот претседател Томислав Николиќ пред Споменикот на паднатите српски јунаци во Косовската битка на Газиместан денеска (28.06) е прекинат поради навредливо скандирање на група млади.

Фотографија: DW/B.Shehu

Поголема група млади денеска го прекина говорот на претседателот Томислав Николиќ со извици „Го предадовте Косово“, „Томо Шиптару“ и „Вулине Шиптару“. Истовремено, друга група граѓани му аплаудираше на српскиот претседател со повици „Да живее Томислав Николиќ“, „Да живее Србија“.

Николиќ во повеќе наврати се обиде да ја смири ситуацијата со зборовите „Сите ние сме Срби“. Неговиот говор е прекинат, а полицијата не интервенираше. За време на говорот на Николиќ е фрлена и една петарда.

По собирот на Газиместан, спрскиот престедател се упати кон Грачаница, крај Приштина. Според предвиденото, тој таму треба да открие споменик на Милош Обилиќ, а планирана е и средба со претставници на косовските Срби.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми