1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекинат распитот за „Тврдина“

СН/мф23 јуни 2016

Судот во Скопје потврди дека судијката Алаксандра Поп Стефанија го примила барањето од СЈО за нејзино изземање во случајот „Тврдина“. Притоа бил прекинат распитот на поранешната шефица на МВР, Гордана Јанкуловска.

Фотографија: MIA

Специјалното јавно обвинителство, како што денеска потврди Основниот суд Скопје 1 побарало изземање на судијата на претходна постапка во случајот „Тврдина“, Александра Поп Стефанија. Судијката, како што беше соопштено, го примила барањето во текот на распитот на осомничените во случајот и притоа го прекинала сослушувањето. Kако што соопшти судот, судијката Поп Стефанија сега треба да ги комплетира списите на предметот заедно со барањето за нејзино изземање и ќе ги достави до претседателот на судот, кој во рок од три дена треба да донесе одлука дали ќе биде прифатено или отфрлено барањето на СЈО.

Претходно, најголемата опозициска партија во Македонија поднесе кривична пријава против судијката во случајот „Тврдина“, бидејќи, како што истакна, таа била незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Инаку ,денеска на распитот во судот за случајот „Тврдина“, кој беше прекинат, беше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа по сослушувањето изјави дека е сосема спокојна, бидејќи не извршила ниту едно кривично дело. Јанкулоска не одговори конкретно на новинарските прашања за прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, ниту конкретно за уништувањето на опремата за прислушување во времето додека таа беше министерка за внатрешни работи, случај за кој во четврток беше на распит во судот.

Јанкулоска, како и минатиот пат, повтори дека не се чувствува виновна и го обвини СЈО дека води политичка пресметка во име на опозициската СДСМ, со нивните неистомисленици на кои им се ставаат на товар конструирани случаи.
Инаку првоосомничен во овој случај е Горан Грујовски, началник во Петтата управа при Министерство за внатрешни работи, а третоосомничена е Јанкуловска. Во предметот „Тврдина“ вкупно 5 осомничени лица се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Специјалното јавно обвинителство за првоoсомничениот побара мерка притвор, додека за останатите 4 лица побараа мерки за претпазливост, односно одземање на патни исправи.

Јанкулоска денеска истакна дека „фактот што во текот на распитот СЈО побара изземање на судијата од политички мотивирани причини, е уште една дополнителна потврдина за политичкиот настап на ова Обвинителство“. Таа изјави дека за тврдењата на СЈО нема никакви докази и дека сите обвинувања се политичка конструкција, а не правна аргументација.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми