1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преубаво за да биде вистинито

Ане Алмелинг / ЕМФ12 септември 2016

Дали по залезот на сонцето оружјето во Сирија, по пет години граѓанска војна, навистина ќе замолкне? Опозицијата е скептична. Таа стравува дека режимот само купува време.

Фотографија: picture-alliance/abaca/H. Kadour

Планот на министрите за надворешни работи и Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров, звучи како голем пробив: прекин на огнот во Сирија, по што следува заедничка борба против терористичките органзиации „Исламска држава“ и Нусра-фронт. Согласност која може да биде пресвртна точка во сириската граѓанска војна, изјави Кери во текот на викендот.

Мохамед Јахија Мактаби од опозициската Сириска национална коалиција, меѓутоа, не е на мислење дека режимот на Асад, Русија и Иран ќе се држат до договореното. „Не веруваме многу дека договорот ќе биде спроведен и дека молкот на оружјето ќе го отвори патот за примиорје“, вели тој.

Жртви непосредно пред почетокот на примирјето

По пет години граѓанска војна, оружјето од вечерва треба да молчи, повторно. Уште пролетоска страните во конфликтот се договорија за прекин на огнот, кој не траеше долго. Сега Русија и САД треба да ги натераат своите сојузници да се држат до договорот. Русија му дава поддршка на сирискиот режим, додека САД ги поддржуваат бунтовниците.

Салем Ал-Муслат, портпарол на Високиот комитет за преговори на противниците на режимот се прашува кој би го надгледувал прекинот на огнот. „Мора да има јасен механизам, кој ќе бара одговорност од оние кои не се држат до договореното. Да речеме, еден борбен авион на режимот бомбардира болница или куќа на цивили: како ќе реагира меѓународната коалиција?“

Надеж за Сирија

02:03

This browser does not support the video element.

Борбени авиони и вчера, по соопштението на договорот за прекин на огнот, бомбардираа региони кои се под контрола на бунтовниците - во Алеп и во околу 50 километри оддалечениот Идлиб. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека притоа се убиени околу 100 цивили, а повредени околу 90. Која воена авијација ги извршила нападите, не е познато. Опасерваторијата ги собира своите податоци од мрежа информанти во Сирија. Нејзините податоци не може да се потврдат од страна на независен извор.

Добивање време?

Планираниот прекин на огнот би требало да овозможи достава на помош, пред сѐ во Алеп. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва го договорила прекинот на огнот со сириската влада. И сириската државна новинска агенција Сана јави дека раководството во Дамаск се согласило со договорот.

Ахмад Хамад, портпарол на северната бригада на Слободната сириска армија, е скептичен: „Се разбира дека би било добро доколку овој договор се одржи, дека би било добро да се стави крај на сириската трагедија и да се најде механизам за политичко решение. Дел од тоа е и ослбодување на заробениците и ставање крај на опсадата на градовите.“ Режимот би требало да прифати преодна влада со овластувања, но режимот е постојано тој кој не се држи до договореното, вели Хамад. „Сакаат само да добијат време, за да ги спроведат своите планови.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми