Прекин на огнот во Украина- отворени хуманитарни коридори
СН/агенции
8 март 2022
Во Украина, се чини дека е успешен обновениот обид за воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од завојуваните градови. Руските трупи треба да се придржуваат до прекинот на огнот.
Реклама
Украина започна со евакуација на цивилите од опколените градови во земјата, откако Русија дозволи создавање на „хуманитарни коридори“ на тринаесетиот ден од инвазијата. Цивилите започнаа да го напуштаат североисточниот град Суми и градот Ирпин во близина на главниот град Киев.
Безбедносните коридори за евакуација на цивилите од градови во Украина се отворени, потврдија претставници од двете страни, откако во повеќе наврати пропадна претходните напори да се воспостават такви коридори за евакуација поради руските напади.
Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук, соопшти оти двете стани се согласиле за прекин на огнот од 9 до 21 часот за да се евакуираат цивилите од источниот град Суми, една од петте рути кои ги ветија Русите.
Првиот конвој со евакуирани цивили во автобуси или со приватни автомобили тргна во 10 часот. На снимката која ја објави украинската државна агенција за комуникација се гледаат луѓе со торби како влегуваат во автобуси.
„Украинскиот град Суми доби зелен коридор, започна првата фаза на евакуација“, напиша агенцијата. на Твитер
Суми се наоѓа на само 50 километри од руската граница. Меѓу оние кои се евакуираат од Суми се странски студенти од Индија и Кина, а коридорот ќе се користи и за доставување хуманитарна помош во градот.
Олексеј Кулеба, гувернер на регионот Киев, пак соопшти дека повеќе од 150 луѓе биле евакуирани од градот Ирпин до 09:30 по средноевропско време. Украинската вицепремиерка Верешчук пак изјави дека 30 автобуси се на пат кон пристанишниот град Мариупол за да евакуираат цивили од градот.
Осамениот бегалец
01:27
Руската војска претходно соопшти дека дека ќе бидат отворени пет коридори, и тоа за главниот град Киев, како и за големите градови Чернов, Суми, Харков и Мариупол, но оти поголемиот број ќе водат до Русија, без разлика дали директно или преку Белорусија.
Верешчук рече дека руските предлози цивилите да се евакуираат во Русија и во Белорусија се неприфатливи, но не зборуваше ни за можноста Украинците да се евакуираат кон западна Украина.
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
На инцидентот на 25 ноември, во кој руски бродови ракетираа украински воени пловила, му претходеа месеци на тензии во Азовското Море. ДВ пишува за главните фази на конфронтацијата во Керчкиот проток.
Фотографија: Universität der Bundeswehr
Соработка меѓу Украина и Русија - на хартија
„Сите прашања поврзани со Азовското Море и Керчкиот проток треба да се решаваат само со мирни средства заеднички или со договор помеѓу Украина и Русија ...“ Ова се зборовите од преамбулата на Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за соработка во користењето на Азовското Море и теснецот Керч, постигнат во 2003 година.
Фотографија: Imago/Russian Look/S. Fomine
Конфликти во Керчкиот проток - врз која основа?
Според меѓународното право, трговските и воените бродови треба слободно да пловат во Азовското Море и теснецот Керч. Сепак, по анексијата на Крим од страна на Русија во март 2014 година, реалноста во Азовското Море почна да се движи сѐ подалеку од овој правен принцип.
Фотографија: Reuters/A. Bainozarov
ЕУ ја критикува Русија
Ситуацијата се влоши со отворањето на Керчкиот мост, кој ги поврзува Таманскиот и Кримскиот полуостров. Пред тоа, според резолуцијата на Европарламентот од 25 октомври 2018 година, руските инспекции во Азовското Море беа селективни и не го нарушуваа слободното движење на бродови и товар. Но, од пролетта 2018, според прес-службата на ЕУ, Москва демонстративно создава пречки во трговскиот превоз.
Фотографија: picture-alliance/Winfried Rothermel
„Прекумерни“ проверки во Азовското Море
Проверките на бродовите од и кон украинските пристаништа руските граничари ги одолговлекуваа по неколку часа. Пристаништата, трговците и превозниците имаа значителни загуби. Според податоците од Киев, од крајот на септември 2018 година, повеќе од 200 бродови биле подложени на интензивни проверки, меѓу кои 120 биле со знамиња на земјите на ЕУ.
Фотографија: picture-alliance/Tass/V. Timkiv
Аргументите на Русија
Во меѓувреме, руската страна ги обвинува Украинците за ескалација во Азовското Море. Така, на крајот на март 2018 година, Украина го запре и потоа го конфискуваше рибарскиот брод „Норд“ во Азовското Море кој е регистриран на Крим.
Фотографија: Facebook/DPSUkraine
Керчката криза
Најголемиот инцидент досега во теснецот Керч се случи на 25 ноември, кога патувањето на украински воени бродови од Одеса кон Азовското Море заврши со гранатирање од страна на руските граничари кои тврдеа дека Украинците нелегално ја преминале руската граница. Сите три украински брода беа запленети и испратени до пристаништето Керч.
Фотографија: Reuters/P. Rebrov
„Нелегално ја преминаа границата и влегоа во територијалните води“
Русата безбедносна служба ФСБ тврди дека украинските бродови „илегално ја преминале границата и влегле во територијалните води на Русија“. На состанокот на Советот за безбедност на ОН, заменикот-амбасадор на Русија, Димитри Појански, присилното запленување на бродовите го образложи со „основано сомнение дека тие превезуваат радикали кои се заканиле дека ќе го кренат во воздух мостот на Керч".
Фотографија: Reuters/P. Rebrov
Поморското право ѝ дава право на Украина
Како што вели Даниел-Еразмус Кан, професор на Универзитетот на Бундесверот во Минхен, преминувањето на Керчкиот проток е регулирано на ист начин како и преминувањето на Босфорот или кој било друг морски теснец во светот. „Според Конвенцијата за поморско право од 1982 година, Украина има неограничено право на транзит низ Керчкиот теснецот. За ова, не е потребна дозвола од Русија", вели Кан.