1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Прекин на преговорите за Кипар

ЖА
7 јули 2017

Преговорите за повторно обединување на Кипар, водени со посредство на ОН, повторно развршија без резултат. Овојпат, разговорите биле посебно турбулентни.

Schweiz | UN-Zypern-Konferenz endet ohne Ergebnis verkündet UN-Generalsekretär Guterres
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE/S. Di Nolfi

На решение за кипарското прашање ќе треба да се почека - и на најновата рунда преговори за надминување на поделбата на Кипар, конфликтните страни не можеа да најдат заеднички јазик. „Жал ми е што морам да соопштам дека и покрај напорите, конференцијата завршува без постигната согласност“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по маратонските преговори, кои од вчера утрото се одолговлекоа до денеска во раните утрински часови и завршија околу три часот. Гутереш беше видно разочаран и загрижен. „Посакувам сѐ најдобро за двата дела од Кипар“, порача тој на кусата, триминутна импровизирана прес-конференција. Сепак, постои зрак надеж: Гутереш не исклучи натамошни иницијативи за надминување на поделбата на островот. Во Кран Монтана во Швајцарија беа присутни грчко-кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинчи, во обид со посредство на ОН, да се најде решение. Инсајдер откри дека при разговорите доаѓало до турбулентни ситуации, се викало, па на крајот Гутереш ја прекинал средбата. Главната причина за неуспешната конференција, според изјави од дипломати од грчката и од турската страна, било прашањето за силите-гаранти и повлекувањето на околу 35.000 турски војници од турскиот, северен дел на Кипар.

Турција сигнализирала подготвеност за повлекување на голем дел од овие трупи, но не отстапувала од тоа турски контингент да остане најмалку уште 15 години, во функција на сигурност на турските Кипрани. Потоа би се преговарало за натамошно повлекување на војниците. Освен тоа, Турција сакала да продолжи да биде гарант за Кипар. 

Наспроти тоа, Никозија и Атина биле со став дека на ЕУ-државите не им требаат гарантни сили, затоа е потребно целокупно повлекување на трупите во најскор можен рок. Во бројните спорни прашања во поглед на повторно обединување спаѓаат и идната поделба на власта, територијалната распределба и имотните прашања на островот. Кипар, по пучот во Грција и турската инвазија, од 1974 година е поделен на два дела. Оттогаш траат преговорите за создавање федерација на две политички рамноправни покраини, грчко-кипарска во јужниот и турско-кипарска во северниот дел. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми