1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Прекршено и третото примирје во Нагорно Карабах

Рајнхард Клебер
26 октомври 2020

Новиот договор помеѓу Ерменија и Азарбејџан за „хуманитарен прекин на огнот“ е веројатно веќе прекршен. Два претходни обиди за примирје пропаднаа.

Berg-Karabach Konflikt
Фотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Новиот прекин на огнот стапи на сила во 5 часот по средноевропско време и веќе има обвинувања од двете страни за прекршување на примирјето. Владите во Баку и Ереван тврдат дека спротивната страна грубо го прекршила прекинот на огнот. Азарбејџанското Министерство за надворешни работи соопшти дека ерменски војници го бомбардирале местото Тертер и околните села, додека Министерството за одбрана во Ереван ги обвини азарбејџанските трупи дека нападнале повеќе позиции на ерменските единици.

САД вчера, по разговорите со министрите за надворешни работи на двете земји во Вашингтон, најавија „хуманитарен прекин на огнот“. Две претходни примирја, постигнати со посредство на Русија, пропаднаа.

Регионот Нагорно Карабах еднострано прогласи независност за време на распадот на Советскиот сојуз. Во 1990-те следуваше војна со околу 30.000 жртви. Од 1994 година на сила е кревок прекин на огнот. Самопрогласената Република Нагорно Карабах до денес не е призната во меѓународни рамки и меѓународноправно важи за дел од Азарбејџан. Во регионот живеат главно Ерменци.

Повеќе:

Кој што сака во Нагорно-Карабах?

Нагорно Карабах: Има ли војна која не е поради пари?

Малку војна околу Нагорно-Карабах добро им доаѓа на сите

Набљудувачите стравуваат дека конфликтот може да се  претвори во посредничка војна помеѓу Русија и Турција на Кавказот. Турција во конфликтот ѝ дава поддршка на соседната држава Азарбејџан. Русија одржува добри односи со двете страни во конфликтот, но се смета за воен заштитник на Ерменија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми