Балканската рута сѐ уште не е затворена како што би требало да биде, вели австрискиот министер за одбрана Ханс-Петер Доскозил. Во изјава за весникот „Велт“ Доскозил денеска најавува дека Австрија стреми кон нова балканска офанзива за заштита на границите „заедно со 15 други земји долж Балканската рута и држави од Вишеградската група“. Меѓу нив е и Македонија.
Според Доскозил, на Балканот и натаму има „голема активност на криминални шверцери и сигнификантен број на мигранти“. Во моментов, како што вели тој за „Велт“, во Австрија неделно доаѓаат по околу 500 до 1000 бегалци, меѓутоа, ситуацијата би можела да се влоши во секое време. Нагласувајќи дека „Ердоган не е партнер од доверба на ЕУ“ и оценувајќи дека Унијата не може многу да се потпре на договорот со Турција за бегалците, австрискиот министер соопштува дека владата во Виена во моментов работи на законски измени кои би требало да овозможат „распоредување на војници во странство не само од хуманитарни причини“, туку и „за заштита на границите на тие земји, доколку тоа биде побарано од нивна страна и доколку ние имаме доволно капацитети“.
Новиот претседател на САД го ограничи влезот за бегалците во земјата. Многу поранешни бегалци станаа светски познати музичари, актери, политичари или научници.
Фотографија: imago/Thomas BielefeldПознат по неговата Теорија за релативноста, германскиот Eвреин, добитник на Нобелова награда, Алберт Ајнштајн, бил во посета на САД во 1933. година кога му станало јасно дека не може да се врати во нацистичка Германија. Во една прилика тој напишал дека се чувствува како „привилегиран од судбината“ што живеел во Принстон, но речиси бил „засрамен што живеел во таков мир, додека останатите страдале“.
Фотографија: Imago/United Archives InternationalГерманската пејачка и глумица Марлен Дитрих веќе беше ѕвезда и живееше во САД, кога го доби американското државјанство во 1939. година и ѝ сврте грб на нацистичка Германија. Проминентната бегалка говореше против Хитлер и настапуваше за војската на САД за време на војната. Истовремено, нејзините филмови беа забранети во Германија. Но таа кажа: „Родена сум како Германка и засекогаш ќе бидам тоа.“
Фотографија: picture-alliance/dpaПрофесор на Харвард и авторитет во областа на меѓународните односи-Кисинџер беше 56-от државен секретар на САД и одигра клучна улога во обликувањето на надворешната политика. Во 1938. година, Хенри Кисинџер, роден во Баварија, избега од Германија за да не се соочи со прогон од нацистите. Чувствата кон татковината останаа исти: „Германија никогаш не престана да биде дел од мојот живот“, изјави тој.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. SchiefelbeinРодена во денешна Република Чешка, Медлин Олбрајт и нејзиното семејство дојдоа во САД во 1948. година кога комунистите ја презедоа власта во нејзината татковина. Таа почна да се занимава со политика и стана највисоко рангираната жена во владата на САД: Медлин беше првата жена државен секретар на САД (1997-2001).
Фотографија: Getty Images/AFP/S. LoebРоден во Виена во 1919. година, лордот Џорџ Вајденфелд бил британски Евреин и издавач. Тој емигрирал во Лондон по анектирањето на Австрија од страна на нацистите. Бил соосновач на издавачка куќа и работел во кабинетот на првиот претседател на Израел. Го финансирал спасувањето на христијаните од Сирија и Ирак. „Не можам да го спасам светот... но имам долг за отплаќање“, се неговите зборови.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N.BachmannУнгарскиот композитор, виртуоз на пијано и колекционер на народна музика, Бела Барток, иако не бил Евреин, се спротивставил на подемот на нацизмот и прогонот на Евреите. Во 1940. година тој се преселил во САД. Тој еднаш изјавил: „Мојата главна идеја е братство на луѓето, над сите конфликти“.
Фотографија: Getty ImagesИако веќе бил познат режисер во татковината, тој ѝ го свртел грбот на Чехословачка и се преселил во САД по Прашката пролет во 1968. година. Подоцна, Милош Форман режираше два меѓународно познати филмови, кои освоија Оскар.
Фотографија: picture-alliance/abaca/V. DargentЧилеанскиот претседател Салвадор Аљенде беше насилно симнат од власт со пучот од 1973. година. Ќерката на неговиот братучед, Изабел, избегала во Венецуела откако почнала да добива смртни закани. Таа подоцна се сели во САД. Нејзините романи се меѓународно признати класици на магичниот реализам, како „Куќата на духовите“ и „Ева Луна“.
Фотографија: Koen van Weel/AFP/Getty ImagesМириам Макеба беше на турнеја во САД, кога властите во Јужноафриканската Република ѝ го поништија пасошот поради нејзино учество во кампањата против апартхејдот и подоцна ѝ забранија да се врати во државата. Нејзината песна „Пата пата“ беше светски хит во 1967. година. Легендарната пејачка живееше во САД и Гвинеја пред повторно да може да се врати во сопствената земја, една деценија подоцна.
Фотографија: Getty ImagesЛидерот на Сијуксите, Татанка Ијотаке – Седечки бик е еден од најпознатите поглавари на домородните Американци во историјата. Неколку години од животот ги поминал како бегалец во Канада, каде што заминал во 1877. година. Во 1881. година се враќа во САД, каде првично бил затворен, по што бил ослободен и вратен во резерват.
Фотографија: Imago/StockTrek ImagesКако и неговиот колега, Ведад Ибишевиќ од Херта Берлин, играчот во Бундеслигата, Невен Суботиќ побегна од војната во БиХ како дете. Свесен за тешките животни услови, Суботиќ во 2012. година основа фондација за помош на луѓето во најсироманите делови на светот и пристап до чиста вода.
Фотографија: imago/Thomas Bielefeld Во случај на нов „масовен прилив“ на бегалци, државите кои би биле дел од „иницијативата за заштита на границите“ би можеле да дејствуваат брзо, тврди Доскозил. „Во случај на криза би требало да има заедничка слика на состојбата, јасно определени партнери за разговор и редовна размена на информации меѓу полицијата и армиските команданти на земјите учеснички“, наведува австрискиот министер за одбрана во денешен „Велт“.