Организирање на превентивен одговор на поплави е комплексен и скап предизвик не само кај нас туку очигледно и во најразвиените држави членки на ЕУ, но последиците од немање на таков систем се повеќекратно поскапи.
Реклама
Катастрофалните поплави во Германија и Белгија и донекаде во Холандија се лекција која треба итно да се научи и многу повеќе да се стори по однос на пресретнување на слични ризици и настани кај нас.
Не многу одамна имавме поплави со загубени човечки животи и сериозна материјална штета во Полошкиот и Скопскиот плански регион, а претходно и во Пелагонискиот. Во споредба со другите седум плански региони, сепак фреквенцијата на поплави е највисока во Полог, каде магнитудата на последици беше резултат на некомплетни, отсутни или несоодветни инфраструктурни и институционални мерки за одбрана од поплави. Последниот аспект е најкритичен поради потфрлањето на механизмите за комуникација и координација во момент на кризна состојба и ограничена свест и подготвеност на населението да реагира при вакви настани.
На овие негативни состојби, не само во Полошкиот регион, се надоврзува и континуираното намалување на шумската покривка, несоодветните практики за користење на природните ресурси, недостатокот на инвестиции, и несоодветното урбанистичко планирање кое резултира со постоење на формални и неформални градби и живеалишта особено на социјално најранливите семејства во критични зони. Ризиците од поплави се зголемуваат поради климатските промени. Изминатите пет години се најтопли на планетата откако постојат институционални податоци, резултирајќи со зголемена фреквенција на екстремни дождови.
Суштински пробив на овој план кај нас, во моментов се прави со значајни финансиски средства на Швајцарската Конфедерација преку проект спроведуван од УНДП за пресретнување на ризиците од поплави во Полошкиот регион и овој пристап може да претставува модел за другите региони во државата.
Апокалиптични сцени од невремето во Македонија
Во страшното невреме од обилен дожд и силен ветер и поплавите кои го погодија главниот град Скопје и околината загинаа најмалку 21 лице, има поголем број повредени. Слики на катаклизма: уништени куќи, однесени автомобили
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Северните населби околу Скопје меѓу најпогодените
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од пронајдените 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не е идентификувана. Загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци, каде поплавите оставија пустош зад себе, оштетувајќи домови, возила и инфраструктура.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Скопје под вода
Голем број улици и булевари во Скопје беа целосно непроодни. Поплавите беа предизвикани од обилни врнежи дожд од над 90 литри на квадратен метар, а дуваше ветар со брзина и до 70 километри на час. Скопје и Тетово се прогласени за кризни региони.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Слично на кошмар
Граѓаните од погодените места сведочат за сцени кога трчале да се спасат себеси и она што можат од домовите. Поплавени домови, превртени автомобили, затрупани улици со кал, камења и отпад.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Огромни материјални штети
Сеуште е рано за проценка, но невремето предизвика огромни материјални штети.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Помош за настраданите
Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
5 фотографии1 | 5
Сериозни ризици од поплави и поради дезинтегрирано управување со водите
Управувањето со ризици од поплави е значаен сегмент на интегралното управување со водите. На ова се надоврзува и потребата од поефикасен систем за заштита и спасување на граѓани и добра како сегмент на интегрирано управување со кризи. Овие надлежности се споделени помеѓу државата и општините.
Во контекст на пресретнување на ризиците од поплави неопходно е планските региони и општините да имаат соодветни планови чиј интегрален дел треба да бидат студии за моделирање на ризикот од поплави. Потоа согласно со Рамковната директива на ЕУ за водите и Директивата за поплави, овие плански документи треба да се интегрираат во Плановите за управување со речен слив. Двете директиви се до одреден степен транспонирани во нашиот Закон за водите, но за жал до овој момент немаме донесено ниту еден интегрален план за управување со води на ниво на речен слив, иако веќе подолго време неколку планови вклучувајќи го и клучниот за сливот на реката Вардар се во завршна фаза на подготовка.
Со законот од поодамна е уредена обврската за подготовка на планови за адресирање на штетното дејство на водите од страна на општините но надлежното министерство сеуште нема пропишано соодветна Методологија. Последица е дезинтегрираниот пристап во управување со водите кој понатаму генерира низа други последици.
Германија: После поплавите доаѓаат политичарите
Поплавите често ја погаѓаат Германија. И тогаш следува познато сценарио: доаѓаат политичарите и ветуваат помош. Потсетуваме на најважните посети на политичари по катастрофи во изминатите децении.
Во поплавите кои го погодија крајбрежното подрачје на Северно море во февруари 1962 загинаа повеќе од 300 луѓе. Десетина илјади жители на Хамбург останаа без кров над глава. Тоа беше пресвртница во кариерата на идниот канцелар Хелмут Шмит, тогаш сенатор за внатрешни работи во Хамбург. Кризниот менаџмент и одлуката да се ангажира армијата во помошта за настраданите го направија познат во Германија.
Фотографија: Blumenberg/dpa/picture alliance
Хелмут Кол, Бранденбург, 1997
„Вечниот канцелар“ беше при крајот на мандатот кога го посети Бранденбург во 1997 година, по катастрофалните поплави во регионот на истокот на Германија до реката Одра. Оваа ткн. „поплава на обединувањето“ се смета за прва национална криза која беше тест на солидарноста меѓу тукушто обединетата Источна и Западна Германија.
Фотографија: picture alliance
Герхард Шредер, Грима, 2002
На Герхард Шредер му се насмевна среќата по големото невреме во Саксонија во летото 2002, кога поплави ги зафатија Германија, Австрија и Чешка. Кандидатот за канцелар на СПД, соочен со не многу успешна предизборна кампања, облече чизми и се претстави како кризен менаџер во поплавеното градче Грима. Еден месец подоцна победи на изборите.
Фотографија: localpic/imago images
Едмунд Штојбер, Пасау, 2002
За Едмунд Штојбер, тогаш кандидат за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, посетата на политичкиот противник Герхард Шредер на поплавените подрачја беше како студен туш. Штојбер беше на одмор на северот на Германија кога се случи катастрофата. Во Саксонија стигна неколку дена подоцна и огорчено се жалеше на „поплава-туризмот“ на својот ривал.
Фотографија: Armin_Weigel/dpa/picture-alliance
Ангела Меркел, Ној Гарге, 2006
Ангела Меркел неколку пати во текот на својот мандат посетуваше настрадани подрачја, а првпат во март и април 2006 во долината на реката Лаба во Саксонија. Катастрофата се случи само неколку месеци по ураганот Катрина во САД, кога Џорџ Буш беше критикуван поради лошиот кризен менаџмент. Меркел се погрижи тоа да не и се случи и на неа.
Фотографија: Patrick Lux/dpa/picture alliance
Ангела Меркел, Дрезден, 2013
Источна и јужна Германија ја погодија екстремни поплави во летото 2013, неколку месеци пред изборите. Катастрофата се закануваше да го уништи историскиот центар на Дрезден откако се излеа реката Лаба. Поплавите тогаш погодија поголем дел од средна Европа. Меркел ги посети погодените региони во Саксонија и Баварија и вети помош.
Фотографија: Arno Burgi/dpa/picture alliance
Армин Лашет, Хаген, 2021
Кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ ги откажа сите планирани состаноци и замина во поплавениот Хаген. Овојпат политичкиот влог е голем, со оглед дека разорните поплави ги погодија гласачите во неговата матична Северна Рајна Вестфалија. Главен ривал на Лашет е партијата на Зелените, а неговата репутација на заштитник на индустријата на јаглен би можела да и наштети на неговата кампања.
Фотографија: Ina Fasbender/AFP
Олаф Шолц, Арвајлер, 2021
Кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц ги посети тешко погодените места заедно со премиерката на Рајнланд Фалц и партиска колешка Малу Драјер. Иако според анкетите неговата партија заостанува зад ЦДУ, како актуелен министер за финансии, Шолц вети итна државна помош за погодените региони.
Канцеларката Ангела Меркел во неделата (18.07.2021) го посети селото Шулд во Ајфел. Го увери локалното население дека ќе им даде поддршка и веднаш најави нова посета. „Ќе останеме во контакт и ќе се вратам кон крајот на август“. Дали е тоа ветување во рамките на предизборната кампања? Не- Меркел не се кандидираше на парламентарните избори закажани за септември 2021.
Дали може да создадеме ефикасен систем за пресретнување на ризици од поплави?
Организирање на превентивен одговор на поплави е комплексен и скап предизвик не само кај нас туку очигледно и во најразвиените држави членки на ЕУ, но последиците од немање на таков систем се повеќекратно поскапи.
Прв стандарден чекор е да се изгенерираат карти кои се компатибилни со различни ГИС платформи и кои можат да бидат искористени за предвидување различни сценарија на поплави, подржувајќи го притоа процесот на проценка на ризици од поплавите и планирањето и спроведувањето на соодветни мерки и активности за управување со ризиците. Тоа што медиумите и јавноста кај нас пропуштаат да го одбележат е стратешки исклучително значајната активност на Агенцијата за катастар на недвижности за подготовка на дигитален модел на теренот (LIDAR) за целата територија на државата, како предуслов да се подготват целисходни карти. Нареден чекор е да се подготват студии за управување со нанос во речниот слив со мапи на поголеми, а со тоа и поризични свлечишта како и други закани од ерозија. Паралелно со овие активности треба да се развива функционална мрежа на метеоролошки и хидролошки станици која со исклучок на Полошкиот регион каде од неодамна е обновена, во остатокот од државата е застарена, најмногу поради недостаток на насочени инвестиции. Токму оваа мрежа е основниот елемент на системот на рано предупредување, покрај неопходните дополнителни инвестиции во софтверски апликации, хардвер и обуки за лица кои би управувале со овој систем. За целосно и ефикасно функционирање на системот за рано предупредување мора да се зголеми интероперабилноста, во прв ред на Управата за хидро-метеоролошки работи и Центарот за управување со кризи, а потоа и надолу во општините со цел да се обезбеди ефикасен првичен одговор на силите за заштита и спасување, комуналните претпријатија и територијалните противпожарни единици, но и на населението. Целиот овој систем треба да е заснован на јасни и претходно тестирани оперативни процедури и протоколи за итни ситуации. Во овој контекст крупен предизвик се „недоразбирањата" помеѓу Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и отсуството на ефикасна и ефективна координација.
Вардар се излеа- кејот под вода
Вардар денеска се излеа на неколку места во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поплави, но се преземаат мерки за заштита. На кејот се поставуваат вреќи со песок.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Поплавен кеј
Поројните дождови го преполнија коритото на реката Вардар во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поголеми поплави.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Обилни врнежи од дожд
Метеоролозите велат дека се очекуваат обилни врнежи од дожд и во следните денови, особено во западните и југозападните делови на Македонија.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Смет и градежен отпад пливаат во Вардар
Од фотографијата може да се види дека излевањето на реката донесе и големи количества смет и градежен шут во реката.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Нема проток на коритото
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека излевањето на Вардар се должи на градежните активности во минор-коритото на реката, поради што дошло до излевањето.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Настрадаа галиите
Од градот Скопје неофицијално најавуваат дека наскоро ќе излезат со план за отстранување на некои објекти од речното корито. Галиите, кои денеска беа повторно поплавени, веројатно ќе бидат меѓу првите?
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Салто Вардаре
Нема потреба од спасувачки екипи! Единствена опасност е дека на статуата на пливачката за првпат ќе и се навлажни костумот за капење.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Каде плови овој брод?
Жалните Врби наскоро би можеле целосно да се најдат под вода, но поголемиот проблем е каде ќе отплови оваа галија поставена покрај самиот кеј?
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Нова панорама на Камениот мост
„Благодарение“ на градежните активности во коритото, и Камениот мост беше овековечен во ново опкружување- со далеку зголемен водостој под него.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
8 фотографии1 | 8
Една умна држава би пристапила и кон пософистицирана подготовка на урбанистичките планови преку инкорпорирање на решенија за зголемување на отпорноста и намалување на ризиците од природни катастрофи. Надоврзано на ова и потребата од планирање и навремено инвестирање во инфраструктура и зафати со кои би се спречиле поголеми последици од речни но и поројни поплави вклучувајќи и соодветно управување со отпадот. Овие инвестиции со сегашниот степен на фискална децентрализација се тешко остварливи доколку постои очекување да бидат мобилизирани и реализирани само од страна на општините, а од инвестициските планови на државата гледаме дека не се земени предвид како приоритет, донекаде со исклучок на унапредувањето на системите за наводнување на обработливите земјоделски површини.
Би сакал да видам барем збор - два и за овие предизвици во програмите на кандидатките и кандидатите за претстојните локални избори. Секако, неопходни се финансиски средства, но ова е далеку пооправдана инвестиција од таа во споменици, фасади и сличен луксуз во услови кога недостасува основна инфраструктура, а особено онаа која превенира загуба на човечки животи и голема материјална штета. Кога сме до оправданите инвестиции со повеќекратни ефекти, практиките во ЕУ укажуваат на потребата од транзиција кон „град сунѓер“ со доволно зелени површини и кровови кои можат да апсорбираат „нормални“, но и поекстремни врнежи. Понатаму, неконтролираната и девијантна сеча на дрва како директен причинител на опасни ерозивни процеси, се пресретнува со ограничувања и доследен надзор, но и со микро – општински програми за енергетска ефикасност особено на домаќинствата во рурални населени места каде греењето на дрва е најприсутно и огревното дрво се црпи од непосредната околина.
Последен, но не помалку значаен елемент на еден функционален систем за управување со ризици од поплави која недостасува кај нас е воведувањето на стабилни и одржливи модели на долгорочно финансирање на овие ризици вклучувајќи механизми за трансфер на ризик на ниво на општина, регионално и национално ниво.
Огромни последици од невремето
01:55
Кога потфрла државата, не мора општините да бидат пасивни набљудувачи
Додека чекаме на посилна системска активност и инвестиции од државата, општините не смеат да бидат пасивни и пожелно е да пристапат кон формирање на заеднички работни тела како на пример воспоставената „Мрежа за отпорен и заштитен Полог", формирана како облик на меѓуопштинска соработка со одлуки на советите на 9-те општини од регионот во јули, 2018 година. Препорачливо е да се иницира и создавање на заедничка администрација за управување со води на ниво на плански регион. Потврда за ова повторно доаѓа од општините во Полошкиот регион, каде во моментов нема ниту едно пополнето работно место со целодневни задолженија поврзани со управување со водите вклучувајќи ги и ризиците од поплави. Ова е крупен дефицит и индикатор на безмалку целосно запоставување на проблематиката и нејзино потценување на локално ниво.
Само низ вакви меѓуопштински тела и административни единици, може посериозно да се адресираат приоритетни прашања и да се иницираат мерки и активности кои се од заеднички интерес во извршувањето на надлежностите за управување со ризици од поплави и интегрално управување со водите. Токму овие тела, заедно со подрачните единици на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, треба да одиграат клучна улога за јакнење на капацитетите на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за соработка и координација во спроведувањето на надлежностите и да ги поттикнат сите чинители во локалните заедници, активно да учествуваат во работата на локалните институции околу овие приоритетни прашања.
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Европскиот парламент прогласи „климатскa вонредна состојба“, бидејќи Европа доживеа екстремни временски услови- од рекордните топлотни бранови, па сè до катастрофални поплави. Дали за тоа се виновни климатските промени?
Фотографија: picture-alliance/S. Ziese
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina
Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.
Фотографија: Reuters/B. Suarez
Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Frey
Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.
Фотографија: AFP/F. Coffrini
Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.