1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Препорака за укинување на ковид-мерките во С. Македонија

ДТЗ
27 април 2022

Останува на сила задолжителното носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за Ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.

Вакцинацијата и понатаму останува најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, а до граѓаните се апелира  и понатаму да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата за заразни болести укажуваат дека на дневна основа ја следат состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. 

Во изминатите 24 часа во Северна Македонија се регистрирани 89 нови случаи на коронавирус, при што нема починати. Од почетокот на пандемијата се потврдени 309.310 случаи на зараза. Бројот на оздравени лица е 299.539, починале 9.278, а моментално има 493 активни случаи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми