1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ѓоковиќ прележал ковид во декември

СН/агенции
8 јануари 2022

Австралискиот трилер околу Новак Ѓоковиќ продолжува. Тениската ѕвезда сѐ уште се бори за учество на Австралија опен. Неговите адвокати сега откриваат експлозивни детали.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња сака да ја брани титулата на годинешниот Австралија Опен
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња сака да ја брани титулата на годинешниот Австралија ОпенФотографија: WILLIAM WEST/AFP

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добил потврда за медицински исклучок за влез во Австралија затоа што неодамна бил заразен со коронавирусот, соопштија неговите адвокати во судските документи.

Новак Ѓоковиќ имал прв позитивен  ПЦР-тест на 16 декември 2021 година стои во документите кои адвокатите ги предале во судот во Австралија.

Врз основа на тоа, српскиот тенисер добил медицински исклучок, кој на крајот не беше признат од австралиските погранични органи. 

Ѓоковиќ барањето за медицински исклучок го поднел токму врз однова на прележан коронавирус кој во документите на Тенискиот сојуз на Австралија е наведен како валидна причина за медицински исклучок од вакцинирање.

Нему, сепак, по слетувањето во Мелбурн му беше поништена визата бидејќи немал соодветна медицинска документација, според мислењето на федералните власти.

Новак Ѓоковиќ во западните медиуми важи за вакцинален скептичарФотографија: ANDREJ ISAKOVIC/AFP

Сега адвокатите на Ѓоковиќ работат на жалба да се поништи оваа одлука и се обидуваат да докажат дека српскиот тенисер ги следел правилата и упатствата кои ги добил од Тенискиот сојуз на Австралија и државата Викторија на чиј сајт и натаму стои дека прележан коронавирус е доволна причина за исклучок.

Повеќе: Случај Ѓоковиќ: Србија против остатокот од светот?

Токму поради сето ова Тенискиот сојуз на Австралија во медиумите беше обвине дека ги довел играчите во заблуда преку меморандум во кој се информирани дека неодамнешна инфекција со коронавирусот е валидна медицинска причина за ослободување од вакцинација.

Сепак, според австралиската влада, ова се однесува само на австралиските граѓани. Ова во ноември на Сојузот му го посочил и министерот за здравство.

Новак Ѓоковиќ сѐ до завршувањето на постапката ќе се наоѓа во хотелот за азиланти и ќе чека разрешување на својот статус откако по пристигнувањето во Мелбурн му беше одбиена визата.

Според најавите, тој ќе биде сослушан пред федералниот суд во понеделник по австралиско време. Тенискиот гренд слем турнир Австралија Опен започнува на 17 јануари и Ѓоковиќ на него сака да ја брани шампионската титула

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми