1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преседанот Косово

26 јули 2006

Дел од германските весници и оние на германски јазик денеска пишуваат за Косово и очекувањата за решение на неговиот статус по завчерашните неуспешни први директни преговори меѓу Белград и Приштина одржани во Виена.

Во коментарот весникот „Ди Велт“ пишува:

Од Конференцијата на Јалта пред повеќе од 60 години ова е првпат на меѓународно рамниште да се дискутира за поместување на територијалните граници во Европа.Зашто,врз основа на Резолуцијата на ОН со број 1244 усвоена во 1999 година,Косово како и порано и припаѓа на Србија.

Ако им се даде независност на Албанците,тоа би бил преседан од највисок степен.Наводно меѓународно правно санкционирани,на Балканот би биле повлечени не само нови граници и би била создадена нова држава.Многу повеќе со тоа би биле повредени сопствените принципи, кои исклучуваат секаков престап против територијалниот интегритет на една држава.

-Косово –држава под меѓународна контрола би можело да стане реалност уште до крајот на оваа година,а нервозата следните месеци постојано ќе расте,предвидува во денешната анализа на состојбата на Косово швајцарскиот дневник на германски јазик „Ное Цирхер цајтунг“ :

Во таа напната ситуација и мала искра би била доволна за предизвикување панична реакција меѓу неалбанското население.

Владата во Белград би можела да падне во искушение и да ја искористи таквата ситуација за свои цели,па дури и да ја испровоцира.Тоа тогаш би била нестабилноста на која предупредуваше Белград.

Како стручњак за државно право премиерот Коштуница не сака или не може да замисли неговата земја од реалнополитички причини да се одрекне од дел од својата територија.Српската позиција е контраст на држењето на делегацијата од Приштина,за која независноста е единствена опција за која не може да се преговара.И во Белград и во Приштна меѓутоа интеграцијата во ЕУ е прогасена за важна политичка цел.Затоа ни едните ни другите не можат да си дозволат исклучување од преговарачкиот процес,констатира „Ное циршер цајтунг“.

Весникот„ Ди пресе“пишува:

Речиси постои изглед дека ниту во Белград ниту во Приштина сакаат да се усогласат во нешто,а камоли околу идниот статус на провинцијата Косово.Двете страни очигледно се повеќе се препуштаат на големата светска политика:на тоа дека иднината на Косово со декрет ќе ја одреди Советот за безбедност на ОН.Тоа за одговорните во Белград и во Приштина би било на некој начин многу практично.Зашто,кој би сакал да потпише некој компромис и потоа да важи за предавник на народот,како некој кој им ја продал старата српска лулка на Албанците,односно кој ја проиграл сувереноста на Косово која била на дофат на раката,заклучува „Ди пресе.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми