1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пресметка со системот Меркел

16 јуни 2018

Кој би бил соодветен збор за она што сега се случува во Берлин? Тешка владина криза... И можеби се ова последните денови на Меркел како канцеларка, оценува Јенс Турау.

Bundeskanzlerin Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Schreiber

Уште еднаш редоследно она што се случуваше вчера во политички Берлин: канцеларката и нејзиниот министер за внатрешни работи цела ноќ разговараа во Канцлерамт (кабинетот на канцеларката, н.з.).  И, не можеа да постогнат согласност за заедничка политика кон бегалците и политика на азил. Потоа имаше одвоени седници на ЦДУ и ЦСУ. За таа цел беше набрзина прекината седницата на Бундестагот. Веќе самото тоа е досега невидено во односот на двете сестрински партии. На седницата на ЦСУ потоа Хорст Зехофер најави преземање и на унилатерални чекори во понеделник, доколку е тоа неопходно. Што ќе прави? Во основа - ќе ги затвори границите кон соседните земји за барателите на азил. Едногласна согласност од ЦСУ. ЦСУ не сака веќе да ги прима бегалците кои на територија на ЕУ првпат стапнале во некоја дружа држава на Унијаа, а тоа се повеќе или помалку сите бегалци. Како тоа ќе се прави, останува отворено, но и не се работи за тоа. Се работи за Ангела Меркел и нејзината иднина како канцеларка. И за тоа - дали таа ќе смее да си дозволи ваков отпор.

Меркел не може да толерира самостојни потези на Зехофер

Зашто Меркел не сака вакво самостојно делување на Германија, таа исто како и претходно се залага за решение со сите европски партнери. И, пред сѐ - таа сака подобра заштита на надворешните граници на ЕУ, за границите во Унијата да останат отворени како во моментов. Но, вакво решение на ниво на ЕУ нема на повидок и ЦСУ едноставно веќе не сака да чека такво нешто.

Јенс Турау

Кои опции стојат на располагање? Канцеларката има „Richtlinienkompetenz“ (надлежност за поставување обврзувачки насоки во политиката, н.з.) во владата. Тоа е убав, компликуван германски збор, но што Меркел ќе направи со него е непознато. Таа може да го отпушти Хорст Зехофер, кој не го дели нејзиниот став по едно централно прашање на владиното работење. Тоа, тогаш, би значело и крај на оваа влада. Таа може да го постави во парламентот и прашањето за доверба. Но, како и да се врти: Меркел не може да дозволи самостојно дејствување на Зехофер, зашто тоа веќе не би била нејзина влада.

Пресметка со системот Меркел

Во политиката често се случува она што долго тлее да се разгори за кратко време, често за неколку часа. ЦСУ од почетокот беше против бегалската политика на Меркел, уште кога канцеларката во 2015 година ги пушти бегалците во земјата. При сета солидарност со Меркел, на многу политчари на ЦСУ трпението одамна им заврши. Пратениците во своите изборни единици дознаваат и доживуваат колку е мала поддршката за либералната бегалска политика на Меркел, која е нагризана по сите рабови.

Судирот ги надминува границите на бегалската политика. Духот на времето е национално-конзервативен. Барем така тоа го доживуваат многумина. ЦСУ, која претрпе големи згауби поради успехот на деснопопулистичката АфД, но и делови на ЦДУ сега се пресметуваат со Меркел, а не само со нејзината политика на азил. Тие се пресметуваат со целиот систем Меркел. Наесен се одржуваат избори во Баварија. Највисока цел на ЦСУ е да ја држи АфД во шах-позиција. Ако треба тоа ќе го прави и против Меркел, против сопствената влада.

Дали канцеларката може да го сврти кормилото уште еднаш? По вчерашниот ден - тешко замисливо.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми