1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Престрелка меѓу Срби и Албанци во Митровица

10 ноември 2011

Во престрелка со Албанците во Косовска Митровица во северно Косово, според полицијата, е убиен еден Србин, а уште двајца се ранети. Владата во Приштина го осуди инцидентот.

Косовска Митровица останува опасно жариште и покрај присуството на мировниците од КФОРФотографија: picture-alliance/dpa

Еден косовски Србин почина, а двајца беа ранети во судир со Албанци во немирниот град Косовска Митровица, поделен меѓу српското малцинство во Косово и албанското мнозинство. Портпарол на полицијата изјави дека тројцата Срби, вклучувајќи и член на косовската полиција, биле ранети во престрелка, која избила откако полициска патрола се замешала во тепачка меѓу Срби и Албанци. Малку подоцна беше соопштено дека едниот од ранетите Срби починал во болница. Се испитува кој го предизвикал судирот и кој пукал.

Косовската влада го осуди убиството. Српските политичари од Белград ги повикаа Србите на Косово да не провоцираат инциденти. Состојбата во северно Косово со месеци е затегната.

Радикалните Срби се обидуваат преку барикади да ги принудат косовските полицајци и граничари да се повлечат од двата гранични премини кон Србија, Јариње и Брњак. САД и ЕУ инсистираат на надворешните граници на Косово да бидат поставени косовски службеници.

Автор: ЖА/ГЧ/дв/бета

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми