1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

„Космос“: Девет години затвор за Груевски, три за Јанакиески

ДТЗ
20 мај 2022

Осудените ќе треба солидарно да ја надоместат штетата која што му е нанесена на бизнисменот Фијат Цановски од над 683 милиони денари.

Mazedonien Skopje behördliche Anordnung zum Gebäudeabriss
Фотографија: Petr Stojanovski

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во случајот „ТНТ“, којшто го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. За уривањето на објектот „Космос“ во 2011 година на бизнисменот Фијат Цаноски, на девет години затвор е осуден експремиерот во бегство, Никола Груевски, додека на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, му е изречена првостепена пресуда од четири години затвор.

Иста казна доби и градежната инспекторка Елисавета Најдовска, додека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор. Тројца членови на Комисијата за јавни набавки се ослободени од обвинението. 

Поранешниот македонски премиер Никола ГруевскиФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Според пресудата, осудените ќе треба солидарно да ја надоместат штетата којашто му е нанесена на бизнисменот Фијат Цановски во износ од над  683.514.964 денари.

Тие беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинението, во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми