Претстојат реформи на ОН
29 ноември 200463-те страници на комисијата за реформи остануваат во рамките на дипломатски можното, занчи не се предвидува револуција. Сепак, станува збор за прашањето како во иднина да се решава за војна или мир во потранспарентен, проширен и компетентен Совет за безбедност. Негово проширување предложи и германскиот канцелар Герхард Шредер и тоа со Германија како постјана членка:
“Неопходни се реформи и проширување. За Германија, повторувам дека ние во рамките на таква реформа сме подготвени да преземеме поголема одговорност“.
Во предлогот на 16-члената комисија се уште нема конкретни имиња, туку само бројки: место досегашните 15 места зголемениот совет треба да има 24, по шест од Африка, Европа, Америка и од регионот на Азија и Пацифик. Предложени се два модела. Според моделот А би имало шест нови постојани членки. Овој предлог ги одразува желбите на групата земји кои меѓусебно си помагаат за да станат постојани членки на Советот: Германија, Јапонија, Бразил и Индија. Според моделот Б кој базира врз предлогот на Италија, Пакистан и Мексико, треба да има осум нови места кои нема да се менуваат секои две, туку секои 4 години. На обата модела заедничко им е тоа што постои потенцирање на регионалната компонента при што посебно Африка треба да биде повеќе застапена. Поранешниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел уште пред една деценија критикуваше:
“Советот за безбедност се уште го рефлектира светот од крајот на Втората светска војна, но не и пораснатото значење на Јапонија и на обединета Германија“.
Планираната рефома додуша ќе го напушти повоениот модел, но нема да ја скрши моќта на петте победнички сили: САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина. Од една страна нема да има ново право на вето, а од друга ќе остане ветото на сегашните пет постојани членки. Дипломатската битка за плановите за реформи во Њујорк одамна е почната. За Германија е важно не само да се усвои планот А, туку да стане и една од шесте нови постојани членки на Советот. Германските дипломати имаат време до септември 2005 да убедат две третини од членките за својата позиција, како што постојано вели министерот Јошка Фишер:
“Тежината на нашата земја во меѓународната заедница и тоа токму во годината во која не сме постојана членка на Советот за безбедност, е значително зголемена“.
Германија има намера колку што е можно побргу да излезе со резолуција во Генералното собрание. Но, изгледите сега се полоши отколку пред една деценија: Вашингтон веќе не стои безусловно зад Германија која јасно ја одби војната во Ирак, а освен тоа не сака уште една членка на Европската унија да биде постојана члнека на Советот. Учесникот во ирачката војна Италија, жестоко бара поддршка за планот Б со кој се предвидува само продолжено, а не и постојано место.