1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Пречките за атрактивна електромобилност

Екипа на ДВ
16 октомври 2021

За да ги постигне климатските цели, Германија сака на улиците до 2030 да има 10 милиони електрични автомобили. Но, можните купувачи не се исплашени само од високите цени и малиот капацитет на батеријата на возилата.

Berlin | Elektromobilitaet - Plug-In-Hybrid aufladen
Фотографија: Zacharie Scheurer/dpa/picture alliance

Дел од планот да се постигне климатска неутралност до 2045 на германската влада е и да се тргнат од улиците возилата со мотори на согорување, едни од главните предизвикувачи на гасови со ефект на стаклена градина, и да се заменат со алтернативи со помалку штетни емисии како на пример електричните возила. Зацртаната цел се седум до десет милиони возила до 2030, односно 20 пати повеќе отколку во моментов.

Уделот на електрични возила во 48,2 милиони колку што моментално има регистрирани во Германија, е едвај 1,2 проценти. Две третини од возилата се бензинци, а 30 проценти користат дизел гориво. Според организацијата за заштита на климата Агора од Берлин, германските власти требало да бидат дури и поамбициозни и да си постават цел за 14 милиони електрични возила до 2030 за да постигнат климатска неутралност.

„Тоа би било енормно зголемување и затоа ќе бидат потребни и енормно многу нови станици за полнење", вели Керстин Мајер, раководител на одделот за сообраќај на Тинк-тенкот во разговор со ДВ. 

Полнење на електричните автомобили при возење

01:34

This browser does not support the video element.

Кои се најголемите пречки за возачите?

Тоа што недостига инфраструктура за полнење на електрични возила е само една од причините што Германците се воздржани да го заменат својот бензинец или дизел автомобил за електричен. Анкета спроведена од ЈуГов во февруари со 2036 испитаници покажала дека 50 проценти од анкетираните најмногу се жалат на тоа дека капацитетот на возилата е премал, а втора работа што им пречи е што има недостиг од станици за полнење (38 проценти) или што имаат дилеми околу користа за околината (35 проценти). Преку 54 проценти на испитаниците пак, забележуваат дека цените на електричните автомобили се превисоки.

Повеќе: Студија: Електромобилноста сепак нема да предизвика голема загуба на работни места

Дури и кога би се решиле сите овие проблеми, една третина од испитаниците и натаму не би купиле е-автомобил.

Друга анкета со 10 илјади испитаници која беше објавена во февруари годинава и нарачана од Здружението на општински компании покажала дека 39 проценти по ниедни околности не би купиле електричен автомобил. Останатите велат дека им е битно возилата да имаат поголем капацитет (38 проценти), пониски цени (36 проценти) и повеќе јавни станици за полнење (31,5 проценти). 

Колку чинат електричните возила?

Електричните возила по правило се поскапи од останатите. Повеќето модели во Германија актуелно се продаваат за 30 илјади евра. причина се пред се трошоците за производство на батеријата која вкупната цена моќе да ја крене за пет до десет илјади евра. Но, цените на батериите паѓаат. Од 2010 до 2016 батериите според податоци на Мекинзи се намалени за 80 проценти. 

Ако во иднина на патиштата се најдат се повеќе возила, батериите би требало да станат и уште подостапни. Германската влада е свесна за високите цени и затоа се обидува да ја поттикне електромобилноста со тоа што клиентите кои ќе купат ново возило до 2025 ги субвенционира со по 9 илјади евра. Истовремено возачите на бензински и дизел возила по воведувањето на данокот за јаглероден диоксид во јануари годинава мораат да платат по 0,07 до 0,08 евра повеќе при полнење гориво. 

Повеќе: Сонот на Ердоган станува стварност: електромобили од турско производство

Миксот од субвенции и оданочувања го поттикнува релативно новиот тренд на електрични возила, но според Керстин Мајер уште поголем поттик би било доколку на пазарот по поволни цени се најдат користени е-возила, пред се оние кои биле претходно регистрирани на фирма. "Кога тие се нудат на пазарот пред се приватни корисници ќе бидат купувачи на таквите користени возила и тоа може сосем да ја промени сликата", нагласува таа.

Форд ќе произведува електромобили во Келн

01:07

This browser does not support the video element.

Страв да не останеш на отворен пат со празна батерија

Владата се надева дека ќе ги растера грижите на возачите кои сакаат да возат на долги дистанци, со тоа што насекаде ќе постави мража од станици за брзо полнење покрај автопатите со кои ќе може за половина час батеријата да се наполни 80 до 100 проценти.

Но, колку далеку може да стаса е-автомобил со едно полнење секако зависи од производителот и батеријата. Повеќето модели достигнуваат од 200 до 500 километри. Но, податоците од производителите се најчесто повисоки отколку во реални услови. Особено во зима при пониски температури батериите губат и до 30 проценти од капацитетот.

„Секако дека една од главните грижи на клиентите е колку далеку може да стасаат со едно полнесе на батеријата", потврдува и Ралф Фицнер, раководител на одделот за одржливост при најголемиот производител на автомобили во Германија, Фолксваген. "Но, ако се земат в предвид вообичаеното користење или навиките на возачите, ретко кога ви е потребен целосниот капацитет на батеријата", вели тој за ДВ.

Мајер од Агора смета дека за една до две години капацитетот веќе воопшто нема да биде тема бидејќи батериите имаат сѐ поголем капацитет.

Електричен автомобил за само 6 илјади евра

01:03

This browser does not support the video element.

Проширување на инфраструктурата

Кога би имало толку станици за полнење колку што има бензински пумпи стравот на возачите не би бил толку голем. „Најголемата пречка во моментот е да се направи таква инфраструктура", вели Фицнер. „Ние многу инвестираме, но изградбата на таква инфраструктура треба да стане и предуслов во државното планирање."

Во Германија актуелно има четириесет и две илјади јавни станици за полнење. Но, нивниот број треба да се зголеми за да може да ги снабдат милионите возила кои се предвидени во планот на владата за намалување на емисиите на штетни гасови.

Повеќе:Кој има пари за поеколошки автомобил, ќе плаќа помал данок

„Мора да побрзаме”, вели Мајер. „Ако навистина размислувате за 14 милиони возила во 2030 ви требаат 10 до 20 пати повеќе станици од постоечките“.  Бавниот напредок се должел пред се на тоа дека планирањето и одобрувањето на инфраструктурата за станици за полнење е компициран процес во кој често се вклучени разни институции.

Дали електричните автомобили навистина произведуваат помалку јаглероден диоксид?

Дополнителна грижа за германските возачи е фактот што производството на батериите за електро-автомобилите е процес кој бара многу енергија. Оттука при производство на едно електрично возило се испушта повеќе ЦО2 отколку при производство на „обичен“ автомобил.

Но, во Европа оваа повисока емисија на гасови при производството во просек за две години се компензира ако возите електричен автомобил. Од друга страна за време на целиот животен век електро-автомобилите во Европа испуштаат три пати помалку штетни гасови споредено со автомобилите на дизел или бензин.

Римац - врвен електричен автомобил од Хрватска

02:53

This browser does not support the video element.

„И во Германија, каде имаме релативно мешани извори на електрична енергија кои претежно се базираат на јаглен, сепак електро-автомобилите во повеќето случаи се подобри од оние со мотор на согорување,“ вели Мајер.

Сепак придобивките за климата се помали во земјите во кои струјата за полнење на батериите доаѓа претежно од согорување на фосилни горива, а не од обновливи извори на енергија. Со цел елекрификацијата на автомобилскиот сектор да доведе до намалување на емисиите на штетни гасови, Германија исто така ќе мора да вложи во проширување на обновливи извори на енергија.

Дебата за е-гориво: што е со автомобилите на водород?

Германската автомобилска индустрија нагласува дека иако воведување на се повеќе електрични автомобили им е приоритет, тоа не е единствениот начин да се намали емисијата на штетни гасови. Здружението на автомобилската индустрија (ВДА) аргументира дека во иднина може да се користат синтетички горива за производство на автомобили со мотор со внатрешно согорување. 

„Нема да успееме да ги исполниме климатските цели ако исто така не се занимаваме и со актуелните автомобили и ако не пробаме да изнајдеме начин како да ги замениме фосилните горива кај новите автомобили. Поради тоа ни треба сеопфатна стратегија за синтетички горива и водород за целокупниот транспортен сектор,“ бара првиот човек на ВДА, шефицата Хилдегард Милер.

Германската влада сака до 2035 година да ја укине употребата на мотори со внатрешно согорување на фосилни горива, но нагласува дека овие возила во иднина би можело да се користат на водород. Критичарите велат дека производство на „зелен“ водород бара премногу енергија и чини многу, поради што е подобро тој да се користи за декарбонизација во браншите кои е тешко да се префрлат на електрична енергија како транспорт на стоки и авиосообраќајот. Фолксваген пак ја исклучува употребата на синтетички горива и наместо тоа се фокусира на е-автомобили на батерии.

Керстин Мајер од Агора исто така е убедена дека „иднината на автомобилите најверојатно е во електричните автомобили на батерии.“

Зошто оваа тема е толку чувствителна во Германија?

Германската автомобилска индустрија е светски позната по големите брендови како Фолксваген, БМВ и Мерцедес. Оваа бранша има годишен обрт од 400 милијарди евра и е важен работодавец кој вработува околу 1,8 милиони луѓе во Германија. Преминот кон е-мобилност би имал последици и врз овие компании, нивните вработени и доставувачи со кои соработуваат.

Иако уделот на Е-автомобили во вкупниот број автомобили сè уште е низок, сепак овој пазар расте забрзано. И растот веројатно ќе се забрзува уште повеќе кога батериите за автомобили ќе станат поефтини и ќе има повеќе станици за полнење.

Автомобилската индустрија исто така може да се најде под дополнителен притисок откако Уставниот суд кон крајот на април побара од германската влада да ја заостри својата климатска политика. Промената кон е-автомобили може да добие поголем замав ако Зелените - кои сакаат до 2030 година да ги укинат конвенцинелните автомобили и постепено да ги зголемат цените на бензините - остварат добар резултат на претстојните избори во септември.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми