Прешево: заработка на човечка мака
Диего Куполо29 октомври 2015Прешево: заработка на човечка мака
Реки бегалци минуваат низ Прешево во јужна Србија. Луѓето во регионот профитираат од состојбата во која се наоѓаат бегалците. Диего Куполо деновиве беше таму
Билет до Хрватска - 35 евра
На фотографијата е Лиридон Бизазли, косовски Албанец. Стои пред бегалскиот камп во Прешево. Тука продава карти за автобус до Хрватска кои чинат 35 евра. Вели дека на тој начин заработува од 50-70 евра на ден. Инаку работи како шанкер, за 8 евра дневно.
Би сакал да е бесплатно, но...
И покрај тоа што добро заработува, Бизазли не се гордее со својот нов бизнис. Подготвен е да понуди и бесплатен превоз, вели тој. Тоа посебно се однесува на семејства со деца. „И јас бев бегалец. Патувањето со автобус треба да биде бесплатно. Европа на Србија и дава многу пари за бегалците, но таа не прави ништо“.
Продолжено работно време, зголемени цени
Низ Прешево секојдневно минуваат меѓу 8 и 10 илјади бегалци. Продавниците во близина на рутата работат подолго од вообичаено. Цените се двојно повисоки, некои дури и тројно.
СИМ картички и количка
Освен храна и пијалоци, првото што бегалците го бараат во новата земја се СИМ картички, за да можат да телефонираат со своите семејства и пријатели. Но, снаодливите трговци нудат и разни други нешта, како на пример оваа количка. И тоа е некој вид помош за оние кои не можат повеќе да го издржат пешачењето.
Се бара и облека
Студ, дожд и кал. Многу бегалци имаат лоши или никакви обувки што доведува до сериозни повреди или болести на стопалата, вели Штефан Кордез, координатор на Лекари без граници за јужна Србија. Локалното население брзо се снајде- се продаваат обувки и чорапи.
Препродажба на документи
Бегалците кои минуваат низ разни земји мораат да се регистрираат- а тоа значи чекање во ред. Даниела Габриел, која работи како доброволец во Прешево, вели дека возачите на авобуси кои ги транспортираат бегалците до Хрватска, ги собираат документите од своите патници, а потоа им ги продаваат на новодојдените во Прешево, за да не мораат да чекаат на ред.
Измами
Сешто се случува, вели Даниела: има возачи на авотбуси и таксисти кои на бегалците им наплатуваат пат до Хрватска, но потоа ги оставаат некаде во Србија- за наводно да се регистрираат- иако центар за регистрација во тоа место воопшто не постои. Поради тоа, на влезот во бегалскиот камп во Прешево се закачени предупредувања на повеќе јазици.
Вооружен грабеж
Други доброволци, кои сакаат да останат анонимни, вели дека постојано добиваат смртни закани- поради тоа што ги одвраќаат бегалците од потенцијално опасните таксисти и ги упатуваат на автобуси. Волонтерот Александер Травеле вели дека минатата недела едно шестчлено семејство најпрво морало да плати 80 евра по лице за пат до Хрватска, а потоа таксистот ги ограбил со закана со оружје.
Мито за „мир“
Бизазли признава дека на локалните полицајци им плаќа по 100 евра неделно за да може да ги продава картите за автобус. Вели дека така го оставаат намира. Неколку волонтери кои сакаат да останат анонимни, велат дека виделе оти и таксистите им даваат мито на полицајците и додаваат дека тоа сепак не значи дека сите полицајци се корумпирани.
Има места само за оние кои плаќаат повеќе
Времето се влошува, на бегалците им е потребен кров над глава. Волонтерите велат дека сопствениците на хотели и приватно сместување бираат кому ќе му издадат соба. Места има само за оние кои се подготвени да платат повеќе од она што пишува во ценовникот- поради тоа што бегалците често ги користат собите за повеќе лица од пропишаното.