1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приватни часови преку интернет

25 декември 2010

Ник има 15 години, живее во Лондон и има потешкотии во учењето математика. Неговиот учител по математика се вика Натан и живее во Индија. Решавањето на задачите и учењето се одвива преку програмот „Скајп“.

Ник Трелоар има потешкотии во математикаФотографија: DW/Potts

Ник Трелоар е ученик во француско средно училиште во јужен Лондон. Тој вели дека мора да пишува многу домашни задачи и дека наставата е доста тешка. Затоа тој се одлучи да побара помош и тоа за малку пари - преку интернет. Неговиот тутор по математика живее во Индија и се вика Натан. Тој зборува перфектно англиски, а јазикот го усовршил давајќи им приватни часови на млади Американци. Натан е татко на петгодишна ќерка и заработува речиси осум евра на час. Тоа е двојно повеќе од просечната заработувачка на луѓето на негови години во Индија. Тој, како што вели, не го прави тоа само поради парите, туку и затоа што сака да работи со младите и да им помогне на младите луѓе да се насочат понатаму во животот.

Натан е магистер по математика, но за работата како тутор мораше да посетува и специјална обука. Со оглед на тоа дека веќе им помагал на американски ученици, сега има иксуство: „Би кажал дека нивото на знаење кај младите Британци е повисоко отколку во САД“, вели Натан.

Временската разлика не игра никаква улога

Таткото на Ник, Фил е задоволен од резултатите на учењето преку интернетФотографија: DW/Potts

Временската разлика меѓу Индија и Велика Британија е четири и пол часа. Натан вели дека тоа не е проблем. Во фирмата за која работи во моментов се вработени триесетина луѓе, но според плановите наскоро треба да бидат околу стотина. Туторите работат во мала просторија, а главната алатка за работа им се лап-топ компјутерите со веб-камера, слушалки со микрофон и се разбира „Скајп“. Зад проектот стои Британецот Том Хупер, кој согледал дека на младите Британци им е неопходна помош во совладувањето на математичките задачи и дознал за системот кој веќе функционира во САД и во Индија: „Само единаесет проценти од туторите во Велика Британија имаат диплома од предметот што го предаваат, а само осум отсто имаат напарвено специјална обука. Затоа се одлучивме да побараме помош од Индија, каде што академското ниво е повисоко”, објаснува Хупер.

Автор: Нина Мари Потс / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми