1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Приведен Анџело Ѓорѓиевски

13 април 2022

Анџело Ѓорѓиевски (28), првоосомничениот за убиството на ракометарот на РК „Бутел“, Денис Тот, ноќеска се предал на полицијата, дознава ДВ неофицијално од извори во истрагата.

Mazedonien Polizei Symbolbild
Фотографија: P. Stojanovski

Во изминатите денови тој се бараше со централен распис, а МВР за него вчера објави и меѓународна потерница.

Неговото предавање, според информациите, е резултат на претходни бројни активности на Оперативниот тим - потраги, кој и во изминатата година одбележа големи резултати во пронаоѓање на лица кои биле недостапни на органите на прогонот.

Анџело Ѓорѓиевски беше недостапен за органите на прогонот од минатиот четврток. На другите двајца осомничени А.К. (22) и К.Л. (19) кои заедно со него се товарат дека со нанесување повреди на телото на Тот извршиле кривично дело  „убиство“,  веќе им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што е познато, минатиот четврток во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје, тројцата осомничени по кратка вербална расправија го нападнале хрватскиот ракометар и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од снимките на камерите пред објектот е утврдено дека Анџело Ѓорѓиевски го направил првиот удар, по кој  Тот паднал и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле да го удираат ракометарот и додека лежел неподвижен.

Обдукцијата утврди дека смртта настапила како резултат на повреди на мозокот од нанесени удари врз главата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми