Вакцинацијата во Германија штотуку започна, а веќе се разгоре дебата за можните привилегии за вакцинираните за коронавирусот. Политиката и општеството не се доволно подготвени за тоа, смета Анја Брокман.
Реклама
Германците полека се заморуваат од пандемијата. По речиси една година ограничувања, многумина копнеат по нормалноста. Затоа не е изненадувачки што многумина надежи полагаат во вакцинацијата. Надежи, кои министерот за здравство Јенс Шпан веднаш ги задуши, велејќи дека не треба да се очекува „имунитет на стадо“ пред есента 2021 година. Тој исто така апелираше на солидарност на вакцинираните со оние кои сè уште не се вакцинирани и ја отфрли можноста за бенефиции или привилегии за оние кои ја примиле вакцината. Она што го држи ова општество заедно е заемниот обѕир, убеден е министерот за здравство.
Но, дека таа маса што го одржува општеството заедно не е многу стабилна, покажа и однесувањето на многумина во текот на првиот, т.н. лесен локдаун, кога исто така првото и основно правило беше да се минимизираат контактите, но тоа не спречи преполни трговски центри и долги редици пред тезгите со греено вино пред рестораните, во кои стоеја само оние кои инаку го негираат постоењето на вирусот.
Но, човекот е социјално битие и ја користи речиси секоја можност за пријатно дружење, дури и ако се стави себеси и другите во опасност. Според таа логика, ваквиот начин на однесување ќе исчезне кај оние кои веќе биле вакцинирани, особено ако повеќе не постои опасност за нив. Најдоцна во тој момент, апелите што одат во насока на солидарност, ќе исчезнат.
Особено ако е нејасно што всушност претставува таа солидарност во општество изградено врз индивидуализам и во општество управувано од економски систем кој живее од постојан раст и не толерира воздржување од потрошувачка.
Вакцинираните помагаат да се намалат корона-долговите
Во Германија, пет и пол милиони луѓе работат во здравствениот сектор. Сосема со право, тие ќе бидат вакцинирани пред другите. Би било ли несолидарно ако авионските компании нив ги третираат повластено? На крајот од краиштата, зарем здравствените работници не заслужија оваа година во која дадоа се' од себе, да бидат третирани повластено и да си дозволат да заминат на двонеделен годишен одмор? И, не би било ли соодветно солидарно да се однесат малку пари на островите во Средоземното Море, кои страдаат толку многу од недостаток на туристи оваа година и на чие население му се заканува осиромашување?
Една четвртина од луѓето во Германија, односно повеќе од 20 милиони, има над 65 години и тие исто така имаат предност во вакцинацијата. Многу од нив се физички и психички во многу добра состојба. Спортските активности, одморите и културното воздигнување, статистички гледано, добија во значење за нив во последните неколку години.
Дали би било несолидарно да им се даде можност на старите лица и вакцинираните да трошат пари повторно во ресторани, хотели и културни институции кои страдаат од локдаунот и кои ѝ оставаат планина од долгови на следната генерација?
Привилегии за вакцинирани туристи?
На сите овие прашања не може да се одговори едноставно. Но, политиката треба, ако ништо друго, барем да понуди некои решенија. Политиката, на пример, мора да одмери што е повредно: претприемачката слобода или забрана на дискриминацијата.
И германската политика не смее да размислува само во границите на својата земја. Ќе има голем број земји, во кои, ако поради ништо друго, тогаш поради помалиот број на жители, вакцинацијата ќе се изврши многу побрзо отколку во Германија со нејзините 83 милиони жители. Во Израел, но и во Велика Британија, Бахреин и многу други помали земји, вакцинацијата се спроведува со полна брзина веќе со недели. Сите овие земји побрзо ќе ги вратат своите стопанство и општеството во нормала, што ќе биде хендикеп за германската економија.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
9 фотографии1 | 9
Ако Германија не сака да ги привилегира своите вакцинирани граѓани, како тогаш ќе се однесува кон вакцинираните лица од други земји? Претставниците на германската економија сигурно нема да седат мирни и да гледаат како деловни и приватни патници ја заобиколуваат Германија. Лобистите сигурно ќе извршат притисок врз политиката да смени нешто. Но, привилегирањето на вакцинираните странци сигурно нема да биде можно се' додека домашните вакцинирани лица, од солидарни причини, се воздржуваат од враќањето во нормален живот.
Тест на издржливост за многу пријателства
Но, не е само политиката таа што мора да најде одговори. Ова важи и за секое поединечно семејство во Германија. Бидејќи во секое германско семејство наскоро ќе има некој кој се вакциниран и такви кои нема да бидат вакцинирани уште подолго време. Истото важи и за кругот на пријатели. Би било наивно да се очекува дека средбите на вакцинираните лица во приватен круг ќе се одвиваат со стриктно придржување кон сегашните правила кои важат за сите и ќе останат во сила уште долго време. Се поставува прашањето: кого да го поканувам на вечера, само вакцинираните, или и другите? Со кого да играм карти?
Коронавирус: Кои залихи ви се потребни во кризни ситуации
Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.
Фотографија: Reuters/V. West
Подгответе се за криза
Германската влада во 2016 година изработи нов план за цивилна заштита со листа на неопходни производи кои во меѓувреме се ажурирани. Германците добија препорака да направат залихи на храна за 10 дена и питка вода за пет дена. Идејата е луѓето да имаат се што им е потребно, вклучително готовина и лекови, за да ја надминат кризната состојба.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Доволно течности
Листата со препораки опфаќа и список на залихи за период од 14 дена. Најважната работа на листата е водата- 28 литри по човек за период од 14 дена, или два литри дневно. Луѓето можат да преживеат неколку недели без храна, но без течности само четири дена.
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE
Потребни залихи
Германското министерство нуди и онлајн „калкулатор“ со кој можете да пресметате каква храна да имате во резерва. Се препорачуваат 4,9 килограми ориз, леб и тестенини по човек за две недели. Потоа, 5,6 килограми зеленчук по човек, по 3,7 килограми млечни производи, овошје и јатки, и 2 килограми риба и месо. Водете сметка храната да трае и без ладење. По избор, снабдете се и со масло, шекер и сол.
Фотографија: Markus Mainka - Fotolia
Хигиената е витална
Иако храната и водата се клучни во вакви ситуации, хигиената е исто толку важна за превенција од болести. Имајте на располагање доволно сапун, детергент, паста за заби, влажни марамчиња, кеси за смет и тоалетна хартија.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Лекови
Се препорачува да имате снабдено медицинско шкафче доколку се случи да не бидете во состојба да отидете до аптека или болница. Меѓудругото, тоа предвидува комплет за прва помош, неопходни лекови на рецепт, лекови за настинка, против болка, анти-диареа лекови и електролити, како и термометар и средство за дезинфекција.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel
Доколку снема струја
Не е честа појава, но може да се случи да снема струја на неколку часа или на подолго. Тоа значи дека ќе нема светлина, мобилни телефони и греење. За да се подготвите за таква евентуалност, чувајте во резерва батериска светилка и свеќи, како и кибрит или запалка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Badawi
Торба за итни ситуации
Создавањето залихи претпоставува дека мора да останете во домот, но некоја кризна ситуација може да ве натера и итно да заминете. Затоа е мудро да се има подготвена патна торба. Германската влада советува во неа да сместите: комплет за прва помош, храна за два дена, најважни лични документи, шише вода, вреќа за спиење, неопходна гардероба и дел од нештата кои беа наведени во претходната листа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Kjer
7 фотографии1 | 7
За многу пријателства, ова може да стане тест на издржливост. А и за општеството севкупно. Бидејќи на почетокот, разлики меѓу вакцинираните и невакцинираните, кои сакаат да се вакцинираат, навистина ќе постојат. А, политиката тука мора да дејствува отворено и да гради мостови за да не им остави простор на популистите. Тоа би било фатално во изборната година, во која завршува владеењето на Ангела Меркел.
Вакцинацијата во Германија едвај започна и дебатата за можните придобивки од вакцинираните веќе се разгоре. Политиката и општеството не беа најподготвени да ја поздрават оваа дебата.