1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прилагоди се или молчи

Кристоф Хаселбах
4 ноември 2019

Германското општество се` помалку допушта разноликост на мислењета и се потчинува на опасно „единствено размислување“. Демократијата на тој начин долгорочно се поткопува самата себеси , вели Кристоф Хаселбах.

AfD-Mitgründer Lucke hält erste Uni-Vorlesung
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz

„Не се согласувам со тоа што го зборувате, но ќе се борам до крај да можете Вие тоа да го кажете.“ Свиркачите кои го попречија предавањето на основачот на десничарско-популистичката партија Алтернатива за Германија (АфД), Бернд Луке на Универзитететот во Хамбург требаа малку подобро да размислат за овој цитат на францускиот просветител Волтер. Бидејќи оваа реченица ја содржи основата на демократијата: слободата на мислењето. А таа во Германија е повеќе загрозена отколу што тоа многумина го мислат. Вистина: оној кој ги застапува ставовите кои отстапуваат од она што е „мејнстрим“, тој нема да отиде во затвор. Формално тука е загарантирана слободата на мислење и на говор. Но, нему му се заканува многу брзо презир во општеството, барем во оној дел на општеството кој тука диктира што се зборува.

И тоа токму на универзитет!

Случајот Бернд Луке е исклучително екстремен. Коај него дури не се работеше за тема на негови предавања од економијата кои веќе двапати мораа да бидат прекинати и може да бидат одржани само со полициска заштите. Не, на активистите им беше доволно што Луке е еден од татковците на АфД. Притоа Луке веќе одамна ја напушти партијата и тоа поради тоа што таа застрани премногу политички десно! Но, според мислењето на овие активисти, овој човек повеќе не смее воопшто да каже збор во јавноста, без разлика на темата. Слично како Луке неодамна помина и поранешниот христијанско-демократски министер Томас де Мезие. Неговото предавање на Унивезитетот во Гетинген мораше да биде откажано поради блокадата од група левичари. Но, ако дури ни универзитетите не се место за отворени расправи, па до каде стигнавме?

Повеќе:

-Помалку слобода на мислење на социјалните медиуми?

-Навредата на Исламот не е слобода на говор

-Голема „борба за вистината“

Од друга страна е спектарот на мислење кое е општо прифатено и тој спектар станува сѐ подолг. Тоа го мисли и мнозинството од населението: во повеќе испитувања сѐ уште големото мнозинство од испитаниците се согласија со тврдењето дека кај одредени теми „мора многу да се пази, што се вели“. Бидејќи ви се заканува исклучување и изолација од кругот колеги и пријатели или соседи. А и секој подем во кариерата потоа е невозможен. На прво место од тие „опасни“ теми мнозинството наведува дека е сѐ што има врска со мигрантите.

Кристоф Хаселбах, автор на коментарот

Таканаречената. мисија за спасување на бегалците од Медитеранот е најдобар пример: секој кој искаже и најмало двоумење, веднаш се прогласува за радикален нечовек. А притоа баш сите знаат дека намерно се создала таа „нужда во морето“ и оти тоа е дел од добро организиран шверц со луѓе од Африка во Европа. Дури и германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, послушно се врати во посакуваната рамка на размислување. А нешто значи кога тука се работи дури и за овој политичар кој претходно се прослави како десничарски бунтовник во редовите на христијанските демократи.

Им ставаме синџири на нашите мисли

Подеднакво остри, непишани рамки на размислување вредат и кај сите разговори за климата. Кој внимателно вели дека треба малку да се размисли и за социјално чистење на некакви радикални промени во нашиот начин на живот, тој е веднаш сомнителен бидејќи наводно не ја сфаќа драматичноста на сегашната состојба. А кој ќе признае оти нема проблеми кога јаде месо, често лета со авион или дека вози теренско возило, тој ја прокоцкал секоја прифатливост на „јавноста“. Спротивно на тоа, радикалните заштитници на животната средина како што е Роџер Халам од „Extincion Rebellion" или капетанката на бродот „SeaWatch 3“ Карола Ракете смеат да ја доведат во прашање дури и демократијата како државен облик па и натаму да бидат во центарот на внимание.

Вакви табуа не се на никаков попис на забрани. Но, секој знае што се тие. И повеќето луѓе во јавни настапи поради добри причини се придржуваат кон границите кои ги поставува денешниот дух на времето. Тоа е фатално: ние самите себеси си ставаме окови. Зашто, демократијата живее од кавгата, од разликата во мислењата. Ако границите се претесни бидејќи некој се плаши да го каже своето мислење, тогаш целото општество станува тромо. И конечно се откажува од едно од темелните права на демократијата: слободата на изразување и незгодни ставови.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми