1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принцот Вилијам ќе работи како пилот во брза помош

БГ/афп7 август 2014

Војводата од Кембриџ ќе работи како пилот на хеликоптер во амбулантна служба, соопшти кралската палата. Вилијам претходно служеше како пилот и во кралската воена авијација.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Британскиот престолонаследник Вилијам ќе управува со хеликоптер во служба на брзата помош. Неговата задача ќе биде да одговара на итни повици од секаков карактер, од сообраќајни несреќи до срцеви проблеми.

Доколку ги мине сите потребни тестови, војводата од Кембриџ се очекува следната година да започне со полно работно време да ги извршува задачите во Источно англиската воздушна амбуланта, добротворна организација која обезбедува итна хеликоптерска помош низ источна Англија.

Во септември минатата година, принцот кој е втор во линијата на наследниците на тронот, ја заврши тригодишната обука како пилот на хеликоптер во военото воздухопловство. „Во тој период тој учествуваше во повеќе од 150 спасувачки и трагачки операции“, соопшти неговиот портпарол.

Вилијам ќе ги извршува задачите со полно работно време, но ќе се води сметка и за неговите кралски обврски и должности. 32-годишниот принц најпрво ќе мора да мине низ петмесечен цивилен пилотски тренинг, потоа да полага 14 теоретски и практични тестови, и на крајот да мине и тренинг за итна реакција. На почетокот тој ќе биде копилот, а по дополнителниот тренинг ќе добие шанса да стане и командир на хеликоптер. Годишната плата на британскиот принц ќе биде околу 40 илјади фунти (50 илјади евра), но се очекува тој да ја донира платата во добротворната организација во која ќе работи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми