1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принцот Хари на мета на талибанците?

ЖА/дв/дпа15 септември 2012

Во напад на талибанците на база на НАТО во Авганистан се убиени двајца американски војници. Се врши проверка дали цел на нападот бил британскиот принц Хари.

Фотографија: Reuters

Според американски наводи, воениот логор „Кемп Бастион“ во јужноавганистанската провинција Хелманд, во кој свои војници имаат повеќе земји, бил нападнат со минофрлачи, противтенковски ракети и рачни фрлачи. Покрај двајцата загинати американски војници, ранети се уште петмина припадници на ИСАФ-силите, а според НАТО, биле убиени 20 напаѓачи. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, истакнувајќи дека тој е одмазднички чин против САД поради срамното видео на противниците на исламот, во кое пророкот Мухамед е прикажан недолично.

За време на битката во Хелманд, британскиот принц Хари се наоѓал во базата, но останал неповреден.

„Принцот Хари во ниеден момент не беше во оапсност“, изјави портпарол на меѓународните заштитни сили ИСАФ. Се врши истрага дали присуството на внукот на британската кралица Елизабета Втора во базата бил фактичкиот мотив за нападот. Талибанците неодамна се заканија со убиство или киднапирање на принцот, кој е трет по ред престолонаследник на британскиот престол. Принцот Хари, кој денеска го слави својот 28. роденден, од минатата недела е на служба како пилот на хеликоптер во Авганистан. Тој веќе беше стациониран во Хиндукуш во 2008. година, но тајната акција наскоро беше прекината откако за тоа извести печатот. Овојпат принцот Хари треба да остане четири месеци во Авганистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми