1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принцот Чарлс се ожени за Камила

10 април 2005

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс се ожени со својата долгогодишна придружничка Камила Паркер Боулс. Скромната церемонија во градското собрание се одвиваше без присуство на јавноста. На богослужбата во Виндзорската капела, пак, парот доби благослов од англиканската црква.

Фотографија: AP

“Чарлс конечно ја пронајде љубовта на својот живот. И, тоа очигледно го радува и населението. Пред градското собрание и на улиците ан Виндзор имаше вчувдовидувачки огормен број луѓе кои ги славеа Чарлс и Камила. Чудно, зашто претходно имаше толку многу компликации, што многумина стравуваа дури и од најлошото – врз брачниот пар да бидат фрлани јајца.

Околу 800 гости беа присутни на богослужбата во капелата во дворецот Виндзор – целите семејства на брачниот пар, вклучувајќи ја и кралицата, која не присуствуваше во матично, а тука беше и првиот сопруг на Камила со неговата нова жена. Освен тоа, присустни беа и голем број по ранг високи гости како британскиот премиер Блер, музичарот Фил Колинс или комичарот Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин.

Камила во периодот пред свадбата еднаш на шега изјави дека не ја разбира целата возбуда околу свадбата, зашто се венчаат едноставно двајца постари луѓе. Но, Чарлс не е кој било. Тоа му стана јасно дури и на последниот по пеењето на химната на крајот на церемонијата – некогаш во иднина веќе нема да се пее Господе чувај ја кралицата, туку Господе чувај го кралот. А, Камила, тогаш можеби нема да биде нарекувана кралица, но ќе мора да ја исполнува таа улога.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми