1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приоритетите на Македонија за градење на дијалог околу идниот статус на Косово

Александар Чомовски2 ноември 2005

Македонија мора да го следи курсот на меѓународната заедница во врска со одредувањето на финалниот статус на Косово. Македонскиот претседател Бранко Црвековски е против ставот на премиерот Владо Бучковски за условна незавинсост на покраината.

Приштина
ПриштинаФотографија: DW

Црвенковски во Албанија, Бучковски на Косово. Кон средината на месецов во Тирана се очекува потпис на меѓудржавниот договор за мир и соработка, како највисок и највреднуван акт за пријателски односи меѓу Албанија и Македонија. Во интензивниот регионален диајлог спаѓа и саботниот премиерски самит, Берша – Бучковски - Косуми во Приштина без присуство на поканетиот српски премер Коштуница.

Македонскиот шеф на владата патува со се поизвесна прифатливост на така наречената условна независност на Косово што подразбира уште еден период на присуство на меѓунардони воени сили и контрола од ОН врз покраината. Таквата условна независност на Косово која Бучковски ја презентирал во Вашингтон за претседателот Црвнековски е неприфатливо истрчување:

„Јас само можам уште еднаш да го повторам она што во овој момент претставува официјален на Меѓународната заедница, значи официјален став на ОН, на Вашингтон на Брисел. А тоа е дека сите заедно го охрабруваат и го подржуваат почетокот на преговорите помеѓу Белград и Приштина, со посредство на меѓународната заедница и сите се надеваат и ќе работат на тоа да се најде заедничко, компромисно решение прифатливо за двете страни. Тоа е ставот и на Република Македонија и јас не мислам дека заради која било причина ние треба да одиме ниту милиметар а како ми ли чекор напред од она што е став на Меѓународната заедница. “

Разликите околу финалниот статус на Косово се видливи меѓу македонскиот претседател и премиер. Црвенковски инсистира на стандарди па сататус, стабилност на институциите на правниот режим на Косово, позиција што Меѓународната заедница и пред се САД очигледно ја напуштаат. Бучковски напротив кон Косово гради добрососедска политика како спрема независна држава. И за двајцата, за премиерот и за претседатлот, демакркацијата, обележувањето на границата и непроменливоста на државните територии се двата преиоритета за Македонија во градењето на дијалогот околу идниот статус на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми