1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Причини за радост за Мундијалот има доволно

Јоша Вебер
14 јуни 2018

СП 2018 во Русија почнува но кај некои уште недостасува вистинската еуфорија. За уредникот во спортска редакција во ДВ, Јоша Фибер причините се очигледни, но сепак се надева дека ова ќе биде одлично првенство.

Fußball-WM 2014 Halbfinale Brasilien - Deutschland Fans
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Powell

Очигледно работата со еуфорија околу првенството овојпат не е лесна. СП 2018 почнува, но каде е вообичаената возбуда? Ова е детска радост за пет недели фудбал, за сите љубители на топката низ светот, за колегите што се обложуваат и типуваат или за препознатливата германска традиција на уживање со многу пакети пиво и кобасици? Хм. Порано таа ја имаше многу пред почетокот на едно првенство, или?

Додека сѐ уште имам непријатно чуство во стомакот, главата се вклучува. Сосем е јасно: како соочени со сите овие проблеми, негативни наслови во медиумите и скандали во пресрет на турнирот да настапи еуфорија? Самиот домаќин Русија е земја која тајно се обидува да ликвидира луѓе со нервен гас, која нелегално го припои Крим, бомбардира болници во Сирија,која наводно си ги шпионира земјите сојузниици, која го организира најскапото СП во историјата додека многу Руси живеат во сиромаштија, која со години спортскиот свет го мами со систем за допингуање и која на новинарите кои го открија скандалот им се заканува дури и со забрана за влез во земјата – дали ваква земја треба да биде домаќин на едно СП? Особено и ако долго време е познато дека некои од носителите на одлуки во ФИФА за тоа каде ќе се одржи Светското првенство имале сомнителни договори со рускиот државен концерн Гаспром?

Логиката на ФИФА

И ФИФА воопшто: Концернот кој ја организира манифестацијата, извинете , непрофитната асоцијација која според швајцарскиот закон, од една страна ги казнуваше сојузите како Нигерија за "„политичко мешање" со исклучување (во 2014), а од друга страна ги наградува другите сојузи како САД за  „политичко мешање" во едно СП – или со други зборови како смее да се има разбирање во светот на фудбалот за заканувачките твитови на Доналд Трамп пред да се избере домаќинот на светското првенство 2026?

Јоша Вебер

Тоа е како за еден лизгачки старт да доделите црвен картон, а за други веднаш да им го доделите пехарот на СП.

Па сепак има исто така доволно причини за радост за ова СП 2018. Има барем една која е многу важна: СП обединува. Тоа е така од секогаш. Фудбалот е јазик што речиси секој го разбира, во секоја земја во светот. Играта ги поврзува луѓето од сите континенти, се разменуваат идеи, дебатираат, се запознаваат, се губат предрасуди, се разбираат меѓу себе и ги надминуваат границите. Ги има многу од домаќинот Русија, таканаречениот Запад, како и некои држави од Азија и Океанија. Омекнување на овие граници повторно ќе биде успех на ова СП.

Дали спортот ќе испише втора бајка во 2018?

Во услови на дипломатски кризи меѓу се повеќе изолираните Руси и останатиот свет, фудбалскиот турнир нуди шанса за малку зближување. Покрај очекуваните половина милион меѓународни посетители ќе биде добро и претеседателите на држави и влади да ја искористат оваа шанса. Бидејќи бојкотот на спортски настани досега не донел ништо добро, а и годинава се покажа колкава обединувачка моќ може да има спортот. Олимписките игри од Пјонгчанг прво во на хокеарскиот терен а потоа и на политичкиот паркет доведоа до приближување на двете Кореи што беше речиси невозможно. Ако вакво приближување и меѓу Русија и Западот успее тоа ќе биде вистинска летна бајка – и конечно добра причина за радост.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми