1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приштина го обвинува Белград за прекинот на дијалогот

29 септември 2011

Приштинската делегација го обвини Белград дека преговорите се одложени по вина на српската делегација. Шефот на српската делегација смета дека преговорите не може да продолжат пред да се реши кризата во северно Косово.

Преговорите може да продолжат откако ќе се реши кризата во северно Косово, смета БелградФотографија: picture alliance/dpa

Лидерот на приштинската делегација во дијалогот со Белград, Едита Тахири, одржа одделни средби во Брисел со посредникот од ЕУ, Роберт Купер, и со американскиот претставник Филип Рикер, кои и‘ пренесле дека ЕУ и САД силно ја поддржуваат косовската влада и нејзините обиди да воспостави контрола на граничните премини во северниот дел на Косово.

Во соопштението од Кабинетот на Едита Тахири е наведено дека на состанокот меѓу соговорниците „е констатирано дека оваа рунда преговори е одложена по вина на српската делегација која се повлече од преговорите, откако не успеала како тема на разговорите да го наметне прашањето на граничните премини“.

Косовската делегација од посредникот Купер побарала ЕУ да направи официјална проценка за текот на примена на договорот, како и да изврши проценка на ангажирањата на страните опфатени во дијалогот.

Шефот на српската делегација, Борислав Стефановиќ, вчера (29.09) во Брисел изјави дека дијалогот Белград - Приштина може да следува откако ќе се реши кризата на северот на Косово и додаде дека Србија и натаму се залага за преговори со ЕУ и САД за решавање на тој проблем.

Косовскиот премиер Хашим Тачи синоќа, пак, подвлече дека владата во Приштина е подготвена да го продолжи дијалогот со Белград за техничките прашања и повтори дека нема враќање на ситуацијата од пред 25 јули.

Барикадите на Србите на Косово  на административните премини и сите важни патишта кои водат кон Србија и натаму остануваат. Во текот на ноќта не се регистрирани инциденти. Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера побара од генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен да се расветлат сите околкности под кои дошло до судирот кај Јариње.

Автор: АТ/ миа/ бета

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми