1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приштина се пишмани за укинување на царините кон Србија

БГ /АП
14 март 2020

Косово нема да ги укине 100 процентните царини на производи од Србија наскоро затоа што коалициските партнери во владата не можат да се договорат дали таксите треба да бидат укинати постепено или одеднаш.

Kosovo Premierminister Albin Kurti PK in Pristina
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

Премиерот Албин Курти вечерва изјави дека неговата партија Самоопределување сакала да ги отстрани царините во фази, почнувајќи од недела, како гест на добра волја. Но коалицискиот партнер во владата, Демократската лига на Косово (ЛДК) сака царините да бидат веднаш и целосно укинати. Курти сака да го условува повлекувањето на тарифите со запирање на кампањата на Србија против признавањето на Косово. Коалициските партнери на крајот не успеаја да постигнат компромис.

„Без владина одлука, се останува како што беше. Царините од 100% остануваат“, изјави Курти. САД и ЕУ исто така бараат од Косово да ги укине царините и да ги продолжи разговорите со Белград за нормализирање на односите.
Американската владина агенција за странска помош денеска соопшти дека ја стопира имплементацијата на програмата вредна 49 милиони долари за финансирање на проекти во Косово. Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно ја оцени најавата на Курти за постепено повлекување на царините како „трик“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми