1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утре гласање за формирање на косовска армија

СН/жа/бета/миа4 мај 2014

Косовскиот парламент на утрешната (05.05.) седница ќе гласа за формирање на Вооружени сили на Косово. За властите во Приштина тоа претставува „неопходност“ a српските пратеници се изјаснија против таквиот чекор.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Српските пратеници во косовскиот Парламент нема да учествуваат на седницата на 5 мај, на која ќе се гласа за формирање на косовската армија, соопшти независниот пратеник Миливое Стојановиќ. Стојановиќ изјави дека ниту една земја од регионот не му се заканува на

Косово, а безбедноста на земјата е гарантирана од силите на НАТО -КФОР и мисијата на .Европската унија - ЕУЛЕКС.

Тој го повика премиерот Хашим Тачи од дневниот ред на Парламентот да го повлече владиниот предлог за измени во Уставот и на предлог законот за трансформирање на Силите за безбедност на Косово во Вооружени сили на Косово.

Пратеникот подвлече дека вооружените сили се скапа инвестиција и затоа многу подобро е Владата парите наменети за армијата да ги употреби за решавање на социјално-економските и другите актуелни проблеми во Косово. Претходно претседателката на Косово, Атифете Јахјага истакна дека формирањето на Вооружените сили на Косово е „неопходност“ и опција за која нема алтернатива. „Како и во секој демократија така и кај нас тој процес не може да помине без спротиставени ставови“, истакна Јахјага.

За усвојување на оваа уставна промена неопходно е двотретинско мнозинство на пратениците во косовскиот парламент како и двотретинско мнозинство на пратениците од малцинските заедници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми