1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Провокациите на Мадона

1 септември 2009

На настапите на Мадона во Софија и Букурешт се покажа дека не сите источноевропејци се зрели за пораките на пејачката“, констатира весникот „Зиддојче цајтунг“.

Мадона ја бранува јавностаФотографија: picture-alliance/ dpa

„Тоа беше доживување какво што досега немало во Бугарија. Во главниот град Софија беа блокирани сите големи булевари околу националниот стадион, автобусите беа пренасочени, паркиралиштата расчистени - таму беше Мадона“. Вака „Зиддојче цајтунг“ го започнува текстот посветен на серијата концерти на „кралицата на поп-музиката“, со која беа опфатени и градови од земјите на некогашниот Источен блок.

„На настапите на Мадона во Софија и Букурешт се покажа дека не сите источноевропејци се зрели за пораките на пејачката“, констатира весникот во поднасловот на текстот, во кој покрај другото се вели:

„Мадона со најновите настапи во осум градови на Централна и Источна Европа предизвика публицистички ударен бран, кој далеку го надминува вниманието во другите земји. Во посткoмунистичкиот космос таа наиде на други општествени структури, овде за нејзините пресметани провокации се дебатира уште посилно отколку на Западот, каде кршењето на табуа, посебно кога тоа го прави Мадона, се прима мирно.

Уште пред повеќе недели во Полска беа кренати протести на конзервативни католици, оти концертот на пејачката во Варшава беше терминиран на 15 август, денот на успението на Богородица. Не и’ се заборава и дека таа еднаш веќе пееше со круна од трња на главата, седната на крст украсен со дијаманти. Освен тоа, во видео спот за песната ’Лајк а прејер‘ во 1989 таа бакна црн Исус.

Овации и свирежиФотографија: AP

Повикот за бојкот на концертот не успеа

И во Бугарија Американката со италијанско потекло, која радо носи крст на деколтето, наиде на отпор. Бугарската православна црква најофицијално изјави дека пејачката се однесува без респект и нетолерантно кон религиозните чувства на христијаните. Повикот за бојкот на концертот, сепак, отиде во празно, оти стадионот беше преполн.

Три дена претходно Мадона во соседна Романија доживеа дека Источна Европа е сепак поинаква. Нејзините инаку толку расположени слушатели во Букурешт ја иссвиркаа кога таа зборуваше за дискриминацијата на многубројни Роми во Источна Европа и рече дека тоа ја прави тажна.

Во Софија во саботата веќе не ја зафати таа тема, но пледираше за религиозна толеранција и граѓански ангажман и со тоа наиде на воодушевена согласност од публиката.

Постапката има нешто типично. Ромите општо се многу потценувани, а кога пред две недели во Софија една мала група хомосексуалци сакаше да го слави својот Кристофер-стрит-деј, против тоа демонстрираа студенти по православна теологија. 11 амбасадори од Западните земји јавно ги поддржаа хемосексуалците, а наспроти тоа, ниеден бугарски политичар не сакаже да се искаже“, пишува, покрај другото, „Зиддојче цајтунг“.

Автор: „Зиддојче цајтунг“/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми