1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Прогнози за 240.000 жртви на коронавирус во САД

ЖА / дпа
1 април 2020

Претседателот Трамп ги предупреди Американците дека поради коронавирусот претстојат историски тешки времиња и драматични бројки на жртви во блиска иднина - до 240.000. САД бележат 190.000 заразени и околу 4.000 мртви.

USA Corona-Pandemie Präsident Trump
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Semansky

„Следните две или три недели ќе спаѓаат во најтешките кои било кога сме ги доживеале во земјава. Ќе загубиме илјадници луѓе“, изјави Трамп синоќа на прес конференција во Белата куќа.

За разлика од пред неколку дена, кога најави дека САД до Велигден воглавно ќе ја надминат корона-кризата, сега Трамп не беше со оптимистичко расположение. Го предомислиле предвидувањата за бројност на жртвите споредливи со оние во војна.

Лекарката и координаторка на експертската група на Белата куќа за коронавирус, Дебора Биркс и Антони Фаучи, директор на Националниот институт за инфективни болести, на прес-конференција презентираа прогноза според која во САД, без оглед на мерките за сузбивање на коронавирусот, можно е да има меѓу 100.000 и 240.000 мртви. Се прават сите напори за намалување на можните бројки на жртви, потенцираа експертите, но треба да се биде подготвен на вакви високи бројки. За разлика од луѓе од опкружувањето на Трамп кои инсистираат во преден план да бидат  ставени интересите на економијата, научниците инсистираат за преземање мерки за заштита на здравјето на луѓето. Се чини дека Трамп барем делумно го прифаќа нивниот совет. Иако е свесен дека заштитните мерки ќе претставуваат голем предизвик, „сега е прашање на живот или смрт. Се наоѓаме во војна со смртоносниот вирус“, истакна Трамп.

Неговата колебливост на почетокот да ја сфати сериозноста на ситуацијата и опасноста од коронавирусот чинеше драгоцено време, во земјата предоцна почна тестирањето. Но, Трамп не е подготвен да признае дефицити во неговиот кризен менаџмент. Синоќа тој повторно истакна дека САД тестирале повеќе луѓе за коронавирус од било која друга земја во светот, но не одговори на прашањето зошто не е тестиран секој кој покажува симптоми на болеста.

Повеќе:

Доналд Трамп потфрли во справувањето со корона-кризата

Коронавирус: Трамп стравува од 100 илјади починати во САД

Пандемија во Њујорк: „Ќе имаме тела по улиците доколку вака продолжи“

Во центарот на епидемијата и натаму останува сојузната држава Њујорк, чиј гувернер призна пропусти во справувањето со Ковид-19: „Го потценивме вирусот, тој е посилен и поопасен отколку што очекувавме“, изјави Ендрју Куомо вчера на својата редовна дневна прес конференција. „Уморен сум да каскам зад вирусот, на таков начин не се победува.“

40 проценти од смртните случаи поради инфекција со коронавирус се регистрирани во Њујорк.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми