1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прогресивната алијанса против популизмот во светот

Бенџамин Најт
13 март 2017

Германската СПД во Берлин ги собра главните фигури од левиот центар од целиот свет да дискутираат за борбата против растот на популистичкиот национализам. Мартин Шулц повика на нова, пофер глобализација.

Deutschland SPD-Kanzlerkandidat Martin Schulz besucht das Saarland
Фотографија: picture alliance/O. Dietze

Враќањето на ударот против популистичкиот национализам во светот почнува тука. Тоа беше пораката на конвенцијата на Прогресивната алијанса која се одржа во Берлин во партиското седиште на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

На конвенцијата се сретнаа повеќе од стотина политички фигури од левиот центар од цела Европа – вклучувајќи ги шведскиот премиер Стефан Лофвен, италијанскиот премиер Паоло Џентилони, австрискиот канцелар Кристијан Керн и португалскиот премиер Анотонио Коста – како и претставници од Демократската парија на САД, Индискиот национален конгрес и Социјалистичката партија на Уругвај. Меѓу присутните во Берлин беше и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, која имаше средби со претставници на сестринските партии од Европа. 

Модератор на панелите и дебатите беше Марти Шулц  - чија изненадувачка кандидатура од страна на партијата за канцелар на Германија на социјалдемократите им даде нова енергија и им донесе највисок рејтинг на анкетите за јавното мислење во последните 10 години.

Прогресивната алијанса е мрежа од повеќе од 130 социјалистички и социјалдемократски партии и организации од целиот свет и основана е во Лајпциг во 2013 година, по иницијатива на германската СПД.

Револуција против либерализмот

Во својот говор, Шулц го цитираше британскиот историчар Тимоти Гартон Еш кој неодамна ја опиша моменталната политичка клима – дефинирана од референдумот за Брегзит во 2016 и изборот на Трамп за претседател на САД – како „глобална контрареволуција против либерализмот“.

Шулц ја идентификуваше глобализацијата и последователните нееднаквости како едни од основните причини за овој тренд, аргументирајќи дека епохата на неконтролирани финансиски пазари имала преголем притисок врз социјалните и еколошките стандарди. Во меѓувреме, тоа им овозможи на националистичките движења да ги насочат прстите кон имигрантите и бегалците кои пристигнаа во Европа минатата година.

Како решение, тој повика на создавање на „нова глобализација... преку социјална правда и надминување на сиромаштијата. Тоа значи дека ни треба обврска за одговороност и транспарентност кај компаниите низ синџирот на производство, проширување на системот за социјална сигурност и воведување на плати кои можат да го гарантираат стандардот на живеење“.

„Мора да стави до знаење дека изолирањето не е решение, затоа што ниту еден ѕид не може да биде толку висок за вечно да нѐ штити од глобалните проблеми“, додаде тој. „Мора да докажеме дека преку практични мерки сакаме нашите основни вредности и принципи да бидат стандард за новата глобализација“.

Говорот беше во согласност со кампањата на Шулц во однос на предлогот на СПД да се „корегира“ Агендата 2010 која ја претстави канцеларот Герхард Шредер, а со која беше ослабена државата на благосостојба во Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми