1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат протестите во Вуковар против двојазичноста

БГ/миа/бета3 септември 2013

Стотици демонстранти и денеска најавуваат отстранување на таблите на српски јазик кои беа поставени во Вуковар. Хрватската влада ги осуди инцидентите.

Фотографија: Flickr

Во Вуковар за денеска се најавени нови протести поради вчерашното поставување на двојазични табли - на хрватски и на српски јазик на државните институции. Откако вчера беа поставени таблите на латинично и кирилично писмо, стотина граѓани ги искршија, беа повредени и четворица полицајци, а повеќемина граѓани се приведени.

Од Штабот за одбрана на хрватски Вуковар соопштија дека се организираат автобуси за бранителите и патриотите да можат да пристигнат во градот. Хрватските медиуми објавија дека во Вуковар може да пристигне и контроверзниот пејач Томпсон. Демонстрантите добија поддршка и од свештеници на вуковарската црква Св. Филио и Јаков. Тие заедно со демонстрантите се молеа за мир и изнаоѓање на компромисно решение во Вуковар.

„Поддршка“ на радикалите во Вуковар утрово им пристигна и од Дубровник каде непознати сторители со навредливи графити и со усташки обележја ја испишале тамошната православна црква. И на влезот во градот се појавил натпис „Стоп за кирилицата во Вуковар. Повторно ќе се спушти густа магла!“.

Хрватската влада го оцени како „шовинистичко насилство“ насилното отстранување на двојазичните табли во Вуковар.

„Тоа е чувствително прашање и треба да се има разбирање за болката на луѓето кои ги загубија најблиските во Вуковар. Меѓутоа, токму одговорноста е на сите во политиката, без разлика дали се на власт или во опозиција да објаснат зошто е добро за Хрватска да се почитуваат двојазичноста и поинаквата азбука“, изјави претседателот Иво Јосиповиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми