1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува битката за власт во ЦСУ

22 јануари 2007

Четири дена по најавата на Едмунд Штојбер дека ќе поднесе оставки на функциите, раководството на баварската христијанско-социјална унија повторно ќе расправа за битката за водството на партијата. Конкуренти за партиски шеф се сојузниот министер за земјоделство Хорст Зехофер и баварскиот министер за стопанство Ервин Хубер.

Тој си оди, но кој ќе го замени: Едмунд Штојбер
Тој си оди, но кој ќе го замени: Едмунд ШтојберФотографија: AP

Двочасовната средба на Штојбер со Зехофер не донесе конечно решение. Сепак, шефот на партијата на заминување Штојбер смета дека има добри шанси да се најде решение: „се надевам дека за две-три недели проблемот ќе биде решен„:

„Во фокусот на моите напори е да ги приближам спротивностите на Ервин Хубер и Хорст Зехофер. Мислам дека постојат добри шанси„.

Во врска со ова, баварскиот министер за стопанство Ервин Хубер изјави:

„Јас сум подготвен да се кандидирам и за тоа добивам поддршка. И тоа не само од пратениците, од круговите на општинските раководства, туку и од целата база на партијата„.

Меѓутоа, и сојузниот министер Зехофер не се предава и има намера да се кандидира за местото партиски шеф, при што изјави:

„Не гледам смисла да се реагира на јавните самопрепораки или понуди. Досега со мене никој не разговарал за тоа да се повлечам или за некаква понуда„.

Баварскиот министер за внатрешни работи и единствен кандидат да го наследи Штојбер на функцијата покраински премиер, Гинтер Бекштајн:

„Се надевам дека со разговори меѓу сите страни, ќе се најде пат до решение, за да не се водат дебати уште неколку месеци„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми